„Една недела ги правев интензивните вежби на Меган Фокс – што ми се допадна, а што не?“

„Ова е мошне ефективен начин на вежбање и лесно може да се вклопи во густиот распоред на некои луѓе, само не треба да правите многу паузи, како што тоа го правев јас“ - вели новинарката што една недела се обидела да вежба како Меган Фокс.

edna-nedela-gi-pravev-intenzivnite-vezhbi-na-megan-foks-shto-se-sluchi-01.jpg

Меган Фокс важи за една од најубавите жени во Холивуд, а особено го привлече вниманието на настаните од изминатата година. Во голиот фустан на доделувањето на VMA наградите или во црвената тоалета на Мет Гала, Меган беше неодолива.

edna-nedela-gi-pravev-intenzivnite-vezhbi-na-megan-foks-shto-se-sluchi-02.jpeg

Се знае дека иако Меган Фокс (35) за себе смета дека не е премногу убава и страда од телесна дисморфија, сепак, голем дел од своето време го посветува на вежби и на тренинг со цел да се одржи во топ форма.

edna-nedela-gi-pravev-intenzivnite-vezhbi-na-megan-foks-shto-se-sluchi-03.jpg

Новинарката Родин Екерот се обидела една недела да вежба како Меган Фокс и своите искуства ги пренесува во статија објавена на Insider.

edna-nedela-gi-pravev-intenzivnite-vezhbi-na-megan-foks-shto-se-sluchi-04.jpg

Во продолжение проследете го нејзиното искуство во целост со кратки видеа од вежбите што ги правела таа:

„Во 2014-та година Меган Фокс за Е! Изјави дека прави повеќе кардиовежби со кревање тешки тегови и вежба на справи. Според Healthline вежбањето на справи вклучува ’менување повеќе вежби што таргетираат различни мускули на телото со минимален одмор меѓу нив“.

Тренерот на Фокс, Харли Пастернак во 2012-та година изјави дека вежбите на Фокс вклучуваат ’минимум пет минути загревање со кардиовежби, вежби за обликување на долниот дел од телото, вежби за обликување на горниот дел од телото и на крај петминутен одмор‘.

Според пишувањата на Insider во 2018-та година вежбите на Меган Фокс би можеле да вклучуваат 5 до 10 минути вежби на лента, четири циклуси од по 20 клекнувања, склекови и вежби за стомачни мускули и на крај петминутен одмор со вежби на кружна справа.

Иако генетиката, средствата и диетата во голема мера придонесуваат за изгледот на телото на Фокс, јас сакав да видам што можам да постигнам само со нејзините вежби. Досега сум вежбала пилатес, јога и помалку сум вежбала со тегови, но не на такво ниво како Фокс, па ме интересираше колку голем предизвик ќе ми биде нејзината рутина.

Воопшто не сум обожавател на напорни вежби или долги кардиовежби, па навистина бев среќна што тие не се вклучени во нејзината рутина.

edna-nedela-gi-pravev-intenzivnite-vezhbi-na-megan-foks-shto-se-sluchi-05.jpg

Ги почнав вежбите со петминутни кардиовежби за загревање. Првиот ден започнав со четирикратни циклуси од следните вежби:

Чекорење со тегови од по 5 килограми, завршив со клекнување и истегнување на рацете;
15 истегнувања на нозете и на рацете со стој на една нога и тегови;
30 секунди стоење во „планк“ позиција;

Со оглед на тоа што Фокс за E! изјави дека крева тегови, јас сакав теговите да ми бидат предизвик. Овој начин на вежбање има свои предности затоа што овозможува да добиете поатлетска фигура и да изгубите повеќе мрсно ткиво, отколку што тоа би го добиле само со кардио-вежби.

Завршив со 10-минутно возење велосипед.

edna-nedela-gi-pravev-intenzivnite-vezhbi-na-megan-foks-shto-se-sluchi-08.jpg

Мислам дека одлично поминав првиот ден, иако, доколку теговите беа малку потешки немаше да бидам во можност да ги завршам истегнувањата на рацете. Исто така, стоењето во ’планк‘ позиција воопшто не ми се допадна, затоа што ми се чинеше дека времето ми стои во место.

Како резултат, на крајот на вежбањето, се чувствував подеднакво успешно, но и преморено.

Какво било искуството од вежбите во следните денови, прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg