Научно докажани трикови со кои ќе согорите калории во текот на денот

Аромата на ванила ја „убива“ желбата за благо поради што ќе внесете помалку калории, додека пиењето вода со мраз ќе ви помогне да согорите повеќе калории.

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-01.jpg

Вежбањето е најдобриот начин за согорување калории, но кога немате време за тоа, постојат трикови со кои можете да согорите некоја калорија повеќе.

Важно е да знаете дека овие трикови не се ефикасни колку вежбањето и нема со нив да ослабете, но сепак прават некаква разлика.

Како да согорите повеќе калории во текот на денот без вежбање?

Избањајте се со пожешка вода

Истражување покажало дека капењето со жешка вода го поттикнува телото да согорува повеќе калории од вообичаено.

За време на истражувањето, испитаниците седеле во када со пожешка вода, но наводно и туширањето би можело да има сличен ефект.

Истражувачите признаваат дека не им е целосно разјаснето зошто се случува ова, но имаат една претпоставка.

Кога телото се обидува да си ја одржи оптималната температура, односно да не стане многу топло или ладно, се троши повеќе енергија, а со тоа се согоруваат и повеќе калории.

Сепак, бидете внимателни со оваа навика, премногу жешката вода може да ѝ наштети на кожата, а дури и да предизвика лошење. 

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-02.jpg

Пијте вода со мраз

Неколку истражувања имаат потврдено дека кога пиеме студена вода, извесен период телото согорува повеќе калории.

Наводно, ова се случува бидејќи организмот троши енергија за да ја загрее водата во стомакот до вашата телесна температура.

Едно од истражувањата покажало дека ова резултира со забрзување на метаболизмот за 40%. Други две истражувања покажале дека пиењето 500 милилитри студена вода го забрзува согорувањето на калориите за околу 25%, во период од 90 минути.

Иако овие истражувања се мали и резултатите можат да варираат од човек до човек, но не губите ништо ако пиете повеќе студена вода.

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-03.jpg

Помирисајте арома на ванила

Можеби звучи чудно, но истражување покажало дека мирисот на ванила може да ја „убие“ желбата за чоколадо и друга блага храна.

Во истражувањето учествувале 200 лица со прекумерна тежина кои биле поделени во три групи. Едната група мирисала ванила, другата мирисала плацебо арома, а третата не мирисала ништо.

На крај се покажало дека кај лицата кои мирисале арома на ванила бил намален апетитот и желбата за слатка храна, во споредба со другите две групи.

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-04.jpg

Средете го домот

Средувањето на домот е обврска која, за жал, не можете да ја прескокнете, но можете да си ја претворите во физичка активност.

Додека чистите, пуштете си и музика за повеќе да се раздвижите и да согорите повеќе калории.

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-05.jpg

Пијте зелен чај

Состојките во зелениот чај, како кофеинот, можат да го забрзаат метаболизмот и да ви помогнат да согорите повеќе калории во текот на денот.

Истражувањата покажале и дека некои состојки ја зголемуваат ефикасноста на хормоните кои даваат наредба за разградување на масните клетки. Наводно, овој ефект е уште посилен ако вклучите и физичка активност.

Генерално, нема да погрешите ако во текот на денот испиете една шолја зелен чај. Но, немојте да претерате со количината.

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-06.jpg

Намалете ја температурата во домот

Според National Institutes of Health, ние луѓето имаме два вида масно ткиво – бело и кафеаво.

Дебелината е всушност резултат на премногу бело масно ткиво кое го складира вишокот енергија. Од друга страна, кафеавото масно ткиво се согорува за одржување на оптималната телесна температура.

Истражувањата покажале дека пониските температури го „тераат“ белото масно ткиво да почне да покажува карактеристики на кафеаво и со тоа да почне да се согорува со цел да го загрее телото.

Значи, настанува некој сличен процес како пиењето студена вода.

Па, во текот на денот намалете го греењето во домот и можеби ќе согорите неколку калории повеќе.

koga-nemate-vreme-za-teretana-nauchno-dokazhani-trikovi-so-koi-kje-sogorite-nekolku-kalorii-povekje-vo-tekot-na-denot-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg