„Истегнувањето не помага“ - Ослободете се од болките во вратот со 3 лесни вежби (видео)

„Болките во вратот настануваат како последица на неправилно седење, па само истегнувањето нема да помогне“ – вели оваа физиотерапевтка и покажува кои 3 вежби би можеле да ги направите доколку се соочувате со ваков проблем.

istegnuvanjeto-ne-pomaga-oslobodete-od-bolkite-vo-vratot-so-3-lesni-vezhbi-video-01.jpg

Речиси сите поминуваме долго време наведнати над мобилен телефон или седнати во неприродна положба пред телевизорот, а не сме ниту свесни за притисокот на вратот, сè додека не се почувствуваме вкоченето.

Повеќето од нас кога се соочуваат со болки и вкочанетост во вратот сметаат дека со истегнување ќе ја надминат непријатната ситуација, но според физиотеравтот Доктор Џен Фрабони тоа нема премногу да помогне.

„Во некои случаи истегнувањето може да помогне да се ослободите од напнатоста, но кога станува збор за вратот треба да знаете дека болката потекнува од долгото неприродно држење на телото (гледање во телефон или неудобно седење пред телевизор).

Затоа само истегнувањето на пределот што веќе е мошне чувствителен или вкочанет нема да ви помогне премногу“ – вели таа.

Според неа, треба да се активираат околните мускули, без воопшто да го поместувате вратот.

Вежбите што таа ги препорачува се мошне лесни, наликуваат на обични вежби за загревање, а брзо ќе ви помогнат да се ослободите од непријатното чувство.

Во приложеното видео погледнете кои три вежби ги препорачува таа за брзо ослободување од болките во вратот:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава