Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


7 причини зошто треба да почнете да пешачите секое утро

Утринската прошетка ќе ве расони, ќе ви помогне да го согорите вишокот масти, а може и да ве направи попродуктивни.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-01.jpg

Ако обично немате време за цел тренинг, можете да направите голема разлика ако почнете да пешачите наутро.

Доволно е да одвоите околу половина час за прошетка, а доколку немате толку време, можете да почнете да одите пеш на работа.

Неколку причини зошто е добро да пешачите секое утро:

Кратката прошетка наутро ја подобрува концентрацијата

Бројни истражувања покажале дека утринската прошетка може да ја подобри концентрацијата и да ви го подготви мозокот за претстојниот работен ден.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-02.jpg

Прошетката пред појадок ќе ви помогне да ослабите побрзо

Истражување од 2017 година покажало дека мажите со прекумерна тежина ослабеле побрзо кога пешачеле околу еден час пред оброк, за разлика од мажите кои вежбале по оброкот.

Поново истражување од 2020-та добило исти резултати – испитаниците кои пешачеле пред појадок побрзо ги постигнувале резултатите за разлика од оние кои вежбале отпосле.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-03.jpg

Вежбањето наутро го подобрува квалитетот на сонот

Ако имате проблеми со несоница, пробајте да пешачите наутро. Според некои истражувања, утринската физичка активност може да го регулира спиењето.

Од друга страна, вежбањето доцна навечер може да го има спротивниот ефект, па избегнувајте да вежбате неколку часа пред спиење.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-04.jpg

Прошетката во кој било дел од денот го намалува ризикот од проблеми со срцето

Истражувањата одново и одново покажуваат дека прошетката, без разлика во кој дел од денот, може драстично да го намали ризикот од проблеми со срцето.

Шетањето, па и брзото одење, ја подобруваат циркулацијата и го намалуваат крвниот притисок.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-05.jpg

Утринската прошетка ја зголемува продуктивноста

Утринската прошетка може да ве расони подобро од кафе. А, бидејќи ќе се чувствувате подобро и посвежо, ќе бидете и попродуктивни.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-06.jpg

Ќе го согорите вишокот масти

Ако наутро, пред појадок одите на прошетка, ќе му помогнете на организмот да го согори вишокот масти.

Бидејќи во телото ќе нема нови калории, за време на прошетката пред појадокот ќе почнат да се согоруваат складираните масти. Со ова ќе се забрза и процесот на слабеење. 

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-07.jpg

По утринската прошетка, телото ќе продолжи да согорува калории

Кога ќе завршите со прошетката, телото ќе продолжи да согорува калории.

Ова значи и дека телото ќе согори повеќе калории од вашиот појадок од вообичаено.

Притоа препорачливо е да јадете околу половина час по прошетката, но и да се напиете вода пред да почнете со неа.

7-prichini-zoshto-da-pochnete-da-peshachite-sekoe-utro-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 чести грешки во теретана поради кои не гледате резултати (и го зголемувате ризикот од повреди) Ако не ги поставите рацете правилно кога правите склекови, не само што нема да з...
Вежби за истегнување кои ќе ве спасат од болки во телото и вкочанетоста заради долго седење Можете значително да ги намалите болките и вкочанетоста во грбот, вратот, нозете...
Како да ја намалите болката во мускулите по тренинг? Немојте секој ден да вежбате со тегови, а по тренингот испијте чаша чоколадно мл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg