Српски масер покажува едноставни вежби за да го исправите грбот и да ги намалите болката и вкочанетоста (видео)

Популарниот масер вели дека тајната на исправениот грб без болки е во умот, а на својот Инстаграм профил, освен секси фотки на кои масира полуголи девојки, објавува и видеа во кои покажува вежби за исправен грб и ослободување од вкочанетост. Погледнете како брзо да се ослободите од болки во грб.

srpski-maser-pokazhuva-ednostavni-vezhbi-za-da-go-ispravite-grbot-i-da-gi-namalite-bolkata-i-vkochanetosta-video-01.jpg

Немања Витковиќ е еден од најпопуларните српски масери, кои се фокусираат на грбот и неговото правилно држење.

Тој има речиси 160.000 следбеници на Инстаграм, па секојдневно со нив споделува кратки совети и лесни вежби, особено погодни за оние што седат долго време или неправилно.

Вежбите може секој да ги прави дома, па дури и на работа за опуштање.

Популарниот масер вели дека тајната на исправениот грб без болки е во умот: „Секогаш кога ќе седнете прво сетете се дека треба да заземете став на исправен паун и убаво поставени раменици.

ednostavni-vezhbi-za-da-go-ispravite-grbot-i-da-gi-namalite-bolkata-i-vkochanetosta-02.jpg

Видеата на Немања се вистински хит на социјалните мрежи. Се прават лесно, брзо и понекогаш ви требаат само десет повторувања за да се чувствувате подобро. Некои од нив се без реквизити, за некои ви треба само пешкир.

Во продолжение погледнете неколку вежби од него: 

Вежба Мачка

Вежбата мачка е една од најпопуларните со кои ќе ги намалите вкочанетоста и болката во грбот, ама ќе ви го зајакне и грбот.

Професионалните спортисти често ја користат за загревање, а Немања препорачува да се прави секој ден по 5 минути.

Вежба со пешкир против згрбавување

За оваа вежба ви треба обичен пешкир. Фатете го со двете раце зад грбот и истегнете се како во видеото. Според Немања, доволни се 3 серии од по 15 повторувања.

Вежби против подгрбавеност со лежење

Според популарниот масер овие четири вежби се идеални за растегнување на грбот, особено ако седите долго. Видеото има преку 1 милион прегледи.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава