Време за дремка во канцеларија – Зошто вреди да го следиме овој принцип од Финска?

Ако сте од оние кои сакате да дремнете додека сте на работа, тогаш Финска е идеална земја за вас.

vreme-za-dremka-vo-kancelarija-zoshto-vredi-da-go-sledime-ovoj-princip-od-finska-002.jpg

Во Финска, работниците ги ценат предностите од добриот одмор и практикуваат кратки дремки за време на работното време.

Истражувањата докажуваат дека одморот е клучен за поголема продуктивност, па доколку ви се допаѓа идејата, прочитајте зошто би било одлично ако и ние го следиме овој концепт „на работа“.

vreme-za-dremka-vo-kancelarija-zoshto-vredi-da-go-sledime-ovoj-princip-od-finska-2.jpg

Ова станува тренд кој брзо се шири во финското општество, заради што се намалува стресот, со што се зголемува продуктивноста.

Многу компании обезбедуваат тивки простории и соби за одмор каде работниците може да се релаксираат, па дури и кратко да дремнат.

vreme-za-dremka-vo-kancelarija-zoshto-vredi-da-go-sledime-ovoj-princip-od-finska-03.jpg

Одморот им помага на работниците да се релаксираат, да се смират од стресот и напорната работа, како и за создавање посилни врски и пријателски односи помеѓу колегите.

vreme-za-dremka-vo-kancelarija-zoshto-vredi-da-go-sledime-ovoj-princip-od-finska-04.jpg

Иако во многу земји спиењето среде ден се гледа како мрзливост, Финците ги рушат стереотипите и почнуваат да го ценат квалитетниот сон и одмор како клучен фактор за продуктивност, креативност и достигнување успеси.

Покрај тоа што практикуваат спиење во работни часови, финските компании полека се оттргнуваат од правилата за строго придржување кон класичното работно време и се фокусираат кон флексибилност, со што секој работник си го организира времето на доаѓање и одење самостојно.

Со оглед на тоа секој има различен распоред на спиење, ова им овозможува на работниците да си го добијат одморот кој им е потребен во текот на денот, а притоа со поголема леснотија и продуктивност да си ги завршат обврските.

vreme-za-dremka-vo-kancelarija-zoshto-vredi-da-go-sledime-ovoj-princip-od-finska-05.jpg

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg