10 карактеристики на бестрашните жени (кои се сон на секој маж)

Овие жени се магија! Посветени се да го живеат најдобриот живот кој можат, огнени се и си ги задоволуваат потребите, знаат дека тие самите се одговорни за својата среќа.

10-karakteristiki-na-bestrashnite-zheni-koi-se-predizvik-i-son-na-sekoj-mazh-01.jpg 

Ако сте биле во друштво на вистински самоуверена жена, на која ѝ е комфорно во своја кожа, страсна е за животот и живее по свои правила, тогаш знаете каква магија е нејзината појава.

Таа е како нескротлив оган, но и топлина околу која сите се собираат.

Предизвик е и сон на многу мажи.

Карактеристики на бестрашните жени:

1. Тие зборуваат гласно и тоа не само за себе, туку и за оние безгласните – веруваат во правда и не трпат невкусни коментари или незаслужени напади.

2. Не се плашат да бидат провокативни, да ги размрдаат работите, да ги инспирираат другите и да поттикнат напредок. 

3. Тие се безвременски, односно во душата се млади и огнени, без разлика колку години имаат. 

4. Не се грижат околу тоа „што треба да направат“, туку го прават тоа што сакаат да го направат.

5. Веруваат во себе, гледаат низ што поминале и горди се на својот раст и развој и секогаш работат на развивање на своите вештини.

10-karakteristiki-na-bestrashnite-zheni-koi-se-predizvik-i-son-na-sekoj-mazh-02.jpg

6. Прават свесни напори за да се плашат помалку, никој не е без ниту еден страв во животот, но работат на своите стравови, ги истуркуваат од главата негативните сценарија и оптимистички газат напред.

7. Се почитуваат себеси и никогаш не се насмевнуваат кога некој покажува непочит кон нив, туку повлекуваат црвена линија и смело настапуваат кон таа личност.

8. Ги слават успесите на другите жени, ги охрабруваат, веруваат во нив, ги инспирираат и им помагаат да градат самодоверба.

9. Не се вадат на фрази „женско сум, не можам“, туку веруваат дека апсолутно сè можат сами, само ако доволно веруваат во себе.

10. Посветени се да го живеат најдобриот живот кој можат, огнени се и си ги задоволуваат потребите, знаат дека тие самите се одговорни за својата среќа. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg