Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали се загрижувачки фантазиите за секс со ист пол?“

Дали Хашимото може да предизвика намалена желба за секс, колку се загрижувачки фантазиите за истополов секс и дали првото сексуално искуство секогаш мора да биде болно? Ова се три прашања од читателите на кои одговара докторката, клинички сексолог Фросина Крстаноска.

prashanja-od-chitatelite-do-seksologot-d-r-frosina-krstanoska-dali-se-zagrzhuvachki-fantaziite-za-seks-so-ist-pol-01.jpg

На Инстаграм профилот на CRNOBELO.com читателите имаа можност да постават прашања поврзани со сексуалното здравје, упатени до докторката Крстаноска.

prashanja-od-chitatelite-do-seksologot-d-r-frosina-krstanoska-dali-se-zagrzhuvachki-fantaziite-za-seks-so-ist-pol-02.jpg

Во продолжение погледнете ги одговорите на д-р Крстаноска на поставените прашања од читателите:

1. Имам 33 години и веќе подолго време намалено либидо. Притоа, имам и Хашимото. Дали можеби тоа е причината и како да работам на себе во однос на намалената желба за секс со сопругот?

Хашимото е автоимуно заболување на штитната жлезда.

Доколку имате нормална концентрација на штитни хормони (еутиреоза) болеста нема влијание на половата желба.

Во склоп на болеста може да се појави намалена или зголемена функција на штитната жлезда и тогаш тоа има влијание на желбата за секс. Прашајте го вашиот ендокринолог каква е состојбата кај вас.

Треба да се размислува и за други причини за намалена полова желба од физичка или психичка природа и нивна комбинација.

Понекогаш и фактори на околината, или лекови може да влијаат да се намали половата желба.

prashanja-od-chitatelite-do-seksologot-d-r-frosina-krstanoska-dali-se-zagrzhuvachki-fantaziite-za-seks-so-ist-pol-04.jpg

2. Дали се загрижувачки фантазиите од типот на секс со ист пол (зборувам за маж)?

Фантазиите поврзани со полова активност не се загрижувачки ако се работи за фантазија за секс со истополов партнер.

Во сексуалноста сме променливи и никогаш не сме 100% хомо или хетеросексуално ориентирани, особено на помлада возраст кога е присутна флуидност.

Можно е подоцна после адолесценцијата да имаме фантазија и желба за експериментирање.

Бидете искрени сами со себе и ако фантазијата е доволно силна и не е поврзана само со виртуелен секс, пробајте во живо и остварете ја вашата фантазија.

Би било добро во разговор со психолог или сексолог да позборувате за вашата ориентација и за тоа што ве привлекува, какво полово однесување би сакале ако тоа ви предизвикува стрес и трае подолго време.

prashanja-od-chitatelite-do-seksologot-d-r-frosina-krstanoska-dali-se-zagrzhuvachki-fantaziite-za-seks-so-ist-pol-03.jpg

3. Дали првиот пат е секогаш болен (и дали ова важи само за жените?)    

Првиот полов однос не мора да е поврзан со болка. Кај жените може, но, не мора секогаш да се појави болка со крвавење ако хименот е доволно еластичен и со таква форма да е можна пенетрација без болка.

Кај машките првиот полов однос е најчесто без болка, освен ако се работи за промени на пенисот од типот на искривување на пенисот при ерекција (курватура на пенис), неможност да се покаже главата на пенисот со повлекување на кожата (фимоза) или да се работи за кратко поврзување на пенисот (frenulum breve).

Ако се појави болка, потребно е да се обратите на уролог кој може да ви помогне во врска со овие промени.

prashanja-od-chitatelite-do-seksologot-d-r-frosina-krstanoska-dali-se-zagrzhuvachki-fantaziite-za-seks-so-ist-pol-05.jpg

На вашите прашања одговара д-р Фросина Крстаноска - интернист и хематолог, и член на Европскиот комитет за сексуална медицина (FESCM).
Вработена како клинички сексолог во Аџибадем Систина

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: freepik.com/depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg