„Имам микропенис - никогаш не ги лажам девојките за големината, но им го чувствувам разочарувањето“ (18+)

„Секогаш ги избегнував соблекувалните за да не ми се забележи големината на половиот орган. Секојпат кога сакам да имам секс, се молам за најдобриот можен исход. Партнерките најчесто се разочарани уште во првиот миг“ – вели маж во искрена исповед, кој откри дека има шестпати помал пенис од просечната големина.

imam-mikropenis-nikogash-ne-gi-lazham-devojkite-za-goleminata-no-tie-begaat-shtom-vidat-shto-imam-da-im-ponudam-18-01.jpg

Една исповед на Reddit деновиве привлече внимание, откако еден анонимен корисник призна дека има микропенис, па отворено одговараше на прашања поврзани со неговата состојба. Многумина имаа што да го прашаат овој корисник, а тој отворено зборува за сите предизвици со кои се соочува, а неговите одговори се најдоа и во поголем број светски медиуми.

Во групата насловена „Прашај ме што сакаш“ (Ask Me Anything) корисникот со алијас LsZen7 откри како изгледа неговиот живот со микропенис.

imam-mikropenis-nikogash-ne-gi-lazham-devojkite-za-goleminata-no-tie-begaat-shtom-vidat-shto-imam-da-im-ponudam-18-02.jpg

Инаку, според истражувањата микропенисот е пенис кој кај возрасен маж достигнува должина од околу 9.3cm во ерекција, а овој корисник вели дека има пенис што е шестпати помал од нормалата (13,3 cm).

Тој вели дека кога бил на возраст од 6 години, лекарите му ја дијагностицирале состојбата, но речиси целиот живот морал сам да се справува со проблемот и да научи како да живее со него.

„Додека растев секогаш ги избегнував соблекувалните, а не сакав да одам на базен или на плажа за да не ми се забележи големината на пенисот. Сум имал голем број срамни мигови заради тоа, а еднаш или двапати ми се случило да ми се потсмеваат на работа за тоа како ми стојат пантолоните кога ќе седнам“ – раскажува тој.

imam-mikropenis-nikogash-ne-gi-lazham-devojkite-za-goleminata-no-tie-begaat-shtom-vidat-shto-imam-da-im-ponudam-18-03.jpg

Голем број корисници на Reddit имаа прашања за неговиот љубовен и сексуален живот, па го прашаа како вообичаено им се додворува на девојките и дали ги лаже за големината.

„Не ги лажам жените на почетокот и ако имаме отворени разговори за сексот секогаш сум искрен за мојата големина.

Другпат се случило брзо да се развијат работите, па тогаш само се молам за најдобриот исход. Мислам, најчесто секоја партнерка била разочарана. Најчесто можам да го почувствувам нивното разочарување и останувам засрамен“ – вели тој.

Корисникот вели дека заради состојбата, љубовниот живот му се претворил во вистински пекол и дека најчесто партнерките бегаат од него веднаш штом ќе видат што има да им понуди, па нема ниту можност да користи други методи за да им пружи задоволство на друг начин.

„Понекогаш се случува несигурноста да ме совлада, но за жал таква ми била среќата и научив да живеам со тоа и да се прифатам себеси“ – вели тој.

Инаку, во 2021-ва година на улиците низ Лос Анџелес излегоа голем број мажи кои го одржаа „Маршот на малите пениси“ со цел да се дестигматизираат мажите што имаат потпросечна големина на половиот орган.

Сѐ поголем е бројот на оние мажи што тврдат дека големината не е толку важна, а дека многу се поважни емоциите и начинот на којшто се одвива самиот интимен чин. Кон маршот во знак на поддршка се приклучија и голем број мажи што немаат проблем со надареноста, а излегоа и повеќе девојки.

imam-mikropenis-nikogash-ne-gi-lazham-devojkite-za-goleminata-no-tie-begaat-shtom-vidat-shto-imam-da-im-ponudam-18-04_copy.jpg 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава