„Дечко ми бараше да избришам слика на која сум во бикини, па го откачив - зошто донесов ваква одлука?“

Откако актерот Џона Хил беше обвинет дека ја терал девојката да ги избрише сите слики на кои е во бикини, многу жени почнаа да споделуваат слични искуства. Меѓу нив е Јана Хокинг, позната како експерт за љубовни состаноци.

dechko-mi-barashe-da-izbrisham-slika-na-koja-sum-vo-bikini-pa-go-otkachiv-zoshto-zhenite-begaat-od-mazhi-koi-sakaat-da-gi-kontroliraat-01.jpg

Жените веќе не се плашат искрено да зборуваат за проблемите што ги имаат со партнерот кој сака да ги контролира.

Откако неодамна Сара Брејди го обвини актерот Џона Хил дека ја терал да ги избрише сите слики на кои е во бикини, во времето кога биле во врска, многу жени на социјалните мрежи почнаа да споделуваат слични искуства.

dechko-mi-barashe-da-izbrisham-slika-na-koja-sum-vo-bikini-pa-go-otkachiv-zoshto-zhenite-begaat-od-mazhi-koi-sakaat-da-gi-kontroliraat17.jpg

„Мојот насилен поранешен дечко сакаше да ги избришам фотографиите од Инстаграм на кои ми се откриени рамениците, затоа што личело како да сум гола. Личело!!!“ – вели една жена.

„Ме потсетуваат на времето кога бившиот ми се налути и се скара со мене затоа што носев „градник“ во видео на ТикТок“, вели друга.

„Моето поранешно момче ми купи фустан што тој го избра, а потоа ми се налути што го носев во куќата на неговите родители“, вели трета жена.

„Ова е всушност многу вообичаено однесување на мажите“, вели новинарката и експерт за љубовни состаноци Јана Хокинг, која своето непријатно искуство го сподели за Daily Mail.

„Пред неколку години, еден дечко со кој штотуку почна врската да ни станува сериозна, ми се јави бесен затоа што објавив слика од себе и пријателите на плажа, а на која ми се гледаше деколтето.

'Тргни ја веднаш! Ќе се сретнеш со моите родители следната недела! Што ако мојата баба ја види таа фотка' – беше неговиот коментар.

dechko-mi-barashe-da-izbrisham-slika-na-koja-sum-vo-bikini-pa-go-otkachiv-zoshto-zhenite-begaat-od-mazhi-koi-sakaat-da-gi-kontroliraat-.jpg

Според неговиот тон, Јана сфатила дека е време за тревога, па наместо да ја тргне фотката од социјалните мрежи, решила да му раскине на своето момче.

„Учтиво му реков да се откачи, а сликата остана на Инстаграм. Таа година не запознав ниедна баба“, додала Јана.

Хокинг има и совет за оние кои се наоѓаат во слична ситуација:

„Ако партнерот зборува со вас на овој начин, можеби е подобро да излезете од таа врска. Бидејќи, верувајте, не сакате да го носите на себе цел живот тој багаж“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава