Срам од своето тело во 20-тите, врв на задоволство во 40-тите: Како изгледа сексот во различни периоди од животот?

seksot-po-decenii-vo-20-tite-eksperimentirame-po-30-tata-stanuva-vozbudliv-na-40-se-sluchuva-presvrt-no-kakov-e-po-50-tata-godina-02.jpg

Четириесеттите се пресвртница

„Влегов во четириесеттите, чувствувајќи се фантастично. Имав личен тренер, патував, промовирав книги и ми се додворуваа мажи двојно помлади од мене. Но, на 45 години и тоа ми здосади.

Сакав сериозна врска со некој позрел.

Ова е и периодот од животот во кој многу незадоволни сопруги се разведуваат од своите први сопрузи.

Неколку истражувања покажаа дека средината на 40-тите е врв на сексуалното задоволство за жените, ако го имате вистинскиот партнер.

Одеднаш сте подготвени за работи што претходно сте ги отфрлиле: играње улоги, игри со врзување, секс играчки. Сфаќате дека животот е краток, што ве прави поотворени за нови сексуални авантури.

Не дозволувајте оргазмот да биде единствената цел што треба да ја постигнете што е можно поскоро. Спонтаниот секс е преценет. Најлесен начин да ја зголемите желбата за секс е да го имате што е можно повеќе“, советува Кокс.

Педесеттите се вистински погодок

„Кога наполнив 50 години, две години по менопаузата, мојот сексуален нагон драстично падна. Но, немав поим дека мојот живот ќе се промени на подобро.

Некаде во тоа време го запознав мојот втор сопруг. Желбата за секс се врати.

Менопаузата е предизвик за сите, но сексот по 50-тата е одличен бидејќи жените конечно се опуштаат.

Децата се пораснати, финансиски сте независни, имате и време и енергија да се фокусирате на себе. Сексот е помалку фокусиран на пенетрација, станува побавен но и многу поеротичен. Но, тоа ќе го дознаете дури откако ќе наполните 50“, пишува Трејси во својата книга.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Мојот љубовник вели дека уште не може да ја остави жена му и детето за мене, дали е искрен?“ Советот од психологот на магазинот „Guardian“ за оваа млада жена гласи: „Тој нај...

Најчитани неделава