Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот?

efektot-merilin-monro-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-kako-mi-pomogna-vo-ljubovniot-zhivot.jpg

По ова појаснува дека излегла заедно со пријателка на чаша шампањ во хотел во Сиднеј, но се соочила со проблем.

„Мојот прв проблем откако стигнав беше третото правило.

Затоа што веќе доцневме и сакав да прошетам низ локалот за да ги најдеме пријателките и да го испитаме теренот, но правилото вели дека ‘треба да одам бавно и да ги контролирам движењата на телото’. Ова беше полесно да се каже отколку да се направи“ – раскажува Јана.

Вториот проблем со којшто се соочила биле правилата 1 и 2, па раскажува како додека чекала на шанк да ѝ ги подготват пијачките, наместо да има отворен говор на тело и да разменува контакт со очи, побрзала да го земе телефонот и да „скрола“ на Инстаграм.

„Тоа значи дека мојот говор на телото беше затворен и не воспоставив контакт со очи со никого. Добро признавам дека е малку потешко отколку што звучи“ - вели таа.

efektot-merilin-monro-e-hit-na-socijalnite-mrezhi-kako-mi-pomogna-vo-ljubovniot-zhivot-04.jpg

Но, откако охрабрена од два коктела одлучила целосно да ги примени правилата без отстапување, Јана вели дека почнало да се случува нешто сосема неочекувано:

„Почнав да разговарам со луѓето околу мене што не ги познавам.

Со тоа што не си играв со телефонот, се насмевнував на луѓето што ми се насмевнуваа и имав пријателско држење на телото и изгледав пристапно сфатив дека на сите ни треба добар разговор“ – вели таа.

Тоа што заборавила на телефонот вечерта ѝ донело голем број нови пријатели додека чекала ред во тоалет или на другите места.

„До крајот на вечерта се најдов себеси на забава на еден сосема непознат човек, разговарав со едно момче, добив совети за љубовниот живот од друг дечко којшто подолго време е во сериозна вреска, а на крај разменив телефонски броеви со трет. Мерилин фала ти, ми помогна“ – вели Јана.

Што мислите би можеле ли и вие да ги примените овие правила во реалноста?  

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава