Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (18+)

„Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку е лут, што се отсели од дома. Се однесува како да сум го изневерила“, вели Британка чиј сопруг ја напуштил откако дознал дека гледа порно.

prashuvam-za-prijatel-soprugot-mi-najde-porno-vo-mobilniot-i-si-zamina-od-doma-kako-da-go-vratam-01.jpg

Алана (29), Британка која последните 10 години ги поминала со својот сегашен сопруг (прво во врска, па во брак), гледа порно филмови откако сексот со сопругот почнал да станува сè поредок. Таа вели дека е задоволна од тоа каков е сексот со сопругот, иако е редок, но дека порно филмовите ја возбудуваат.

Алана почнала да пребарува порно филмови кога нејзиниот сопруг (32) не бил дома.

Но, тој неодамна ѝ го побарал телефонот и барајќи нешто друго, открил дека таа гледа филмови за возрасни, па се отселил од нивниот дом.

„Мојот сопруг бараше лозинка за стриминг платформа, а која беше сочувана на мојот телефон. И додека ја барал лозинката, забележал дека на пребарувачот е отворен прозорец со порно содржина.

Ние не криеме ништо еден од друг, дури и си гледаме во телефоните, тие ни се постојано достапни. Не мислам дека сум направила нешто лошо и затоа сум многу изненадена што тој се вознемири.

Но, она што не му се допадна е што пребарувам видеа во кои мажите имаат голем пенис, па тој сега мисли дека не ме задоволува или дека не сум среќна со нашиот сексуален живот.

Толку е лут, што се отсели од дома. Се однесува како да сум го изневерила. Како да го вратам и да му објаснам дека сум задоволна од тоа каков е во кревет?“ прашува таа.

prashuvam-za-prijatel-soprugot-mi-najde-porno-vo-mobilniot-i-si-zamina-od-doma-kako-da-go-vratam-02.jpg

Психологот Луиз Годар-Краули смета дека гледањето порно не е погрешно, особено ако личноста што го гледа научи нешто за себе и сфати што сака, а што не сака во сексот.

„Но, кога партнерот ќе ве ‘фати’ како пребарувате или гледате порно, тоа може да влијае демотивирачки на него, бидејќи првата помисла е дека не сте задоволни од неговиот ‘перформанс’ во креветот или од неговиот изглед.

Ова создава несигурност, бидејќи тој почнува да го идеализира тоа што го гледате и да се споредува со луѓето во порно филмовите, кои, мора да признаеме, најчесто изгледаат одлично.

Па, така, и вашиот сопругот најверојатно смета дека не е доволно добар, згоден или ‘надарен’ и тоа му создава блокада. Или уште полошо, дека го изневерувате со некој лик што никогаш нема да го сретнете, но го посакувате.

prashuvam-za-prijatel-soprugot-mi-najde-porno-vo-mobilniot-i-si-zamina-od-doma-kako-da-go-vratam-03.jpg

Важно е да имате искрена и отворена комуникација. Доколку тој и понатаму не сака да се врати дома, отидете вие кај него.

И не си заминувајте пред да му објасните дека порното е само возбуда и фантазија која ја имате кога сте сама, но дека не сте незадоволна од вашиот сексуален живот.

Секако, ако мислите дека немате секс доволно често, кажете му го и тоа, но не како да се жалите, туку за да го поттикнете да преземе иницијатива или да ја прифати играта кога вие ќе иницирате секс.

А ако не сака да гледа порно, обидете се да дознаете зошто е тоа така. Или, предложете му да изгледате барем едно видео, но по негов избор за да дознаете што го возбудува него“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg