Кој треба да плати на состанокот?

koj-treba-da-plati-na-sostanokot-povekjeЕдна од најчувствителните теми во односите меѓу мажите и жените денес е прашањето кој да плати на крајот на состанокот. Притисокот е на страна...


...на мажите, но и жените не се сигурни што треба да направат и дали има непишано правило, дека мажот секогаш плаќа на првиот состанок.

Во време на потполна еманципација на жените, можеби звучи застарено и по малку шовинистички, правилото дека жените треба да им дозволат на мажите да платат.

Мажите обично на почетокот сакаат да се покажат дека се способни да се грижат за неа и нејзиното инсистирање таа да плати може да го сфатат како напад на нивната машкост. Од друга страна, ако таа никогаш не се понуди да плати барем половина од сметката, тој може да помисли дека е со него само заради парите.

koj-treba-da-plati-na-sostanokot-1

Жените размислуваат поинаку. Во случај кога мажот секогаш инсистира тој да плати, некои жени се чувствуваат навредено и можат да помислат дека со таа постапка тој сака да ја контролира. Од друга страна, ако не се понуди да плати, остава впечаток дека е скржав.

Постојат 3 можности – мажот да плати, жената да плати или да ја поделат сметката.

Владее правилото дека оној кој го иницирал состанокот – тој треба да плати. Но, постојат и жени кои сметаат дека иако тие го повикале партнерот на состанок, сепак негов е редот да плати.

Првиот впечаток секогаш е многу важен, па кога мажот на првиот состанок се понудува да плати, покажува дека е одговорен, културен и стабилен.

koj-treba-da-plati-na-sostanokot-2

Ако жената прва го повикала на состанок кој бил нејзина идеја, единствено што има смисла е таа да ја плати сметката. Не постои причина заради која тој би требало да се чувствува несигурен ако и дозволи да плати, особено ако таа се понуди.

Со напредување на врската, нормално е сметките да се поделат или варијанта: едниот плаќа денес, другиот утре, но на почетокот важат старомодните правила.

Најважно е да ја разберете личноста со која сте на состанок и да се обидете да се ставите на негово/нејзино место. Со оглед на тоа што мислењата се многу поделени, на крајот се зависи од поединците и секако од финансиската состојба.

Како го имате решено ова вие со вашиот партнер/ка?

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg