Кога сте расположени за секс?

koga-ste-raspolozeni-za-seks-povekjeДали сте расположени за секс најмногу зависи од периодот на денот, тврдат сексолозите. Но сексуалните часови не чукаат исто кај двата пола.


Од 22 часот до полноќ мажот е потполно опуштен, но сè уште не е поспан. Тогаш е способен долго и полека да води љубов.

По полноќ до 6 часот, мажот речиси не можете да го разбудите. Но, многу жени можат да уживаат водејќи љубов во полусон.


Таа е поспана наутро, а тој е веќе расположен

koga-ste-raspolozeni-za-seks

Во раните утрински часови, од 6 до 8 часот, нејзиното тело е сè уште поспано и нивото на хормоните на сонот, мелатонин е високо, додека температурата на телото е пониска отколку во текот на денот. Но машкото либидо е веќе во полна сила и сексот за него е најдобриот можен начин за почеток на денот, но на брзина.

Ако сакате вашата сакана да ужива исто како и вие, обидете се да ја разбудите со нежна предигра.

По 8 часот жената е потполно разбудена и подготвена за секс, но тој веќе е преокупиран со работата.


Кога е најдобро време да се прави бебе?

Енергијата на жената го достигнува максимумот на пладне, но тоа нема врска со сексот. Но мажот тогаш е расположен за малку забава и со задоволство би се препуштил на прегратките. Најдобро е да се почека времето помеѓу 14 и 16 часот бидејќи тогаш женскиот репродуктивен систем е потполно подготвен за зачнување, а жената за пожесток секс. Семето што ќе се произведе во тестисите околу 16 часот е со најдобар квалитет. Затоа ова време е „создадено за правење бебе“.


Попладне за брз секс

Од 16 до 18 часот жените главно не се способни за активен секс, а мажите за долги предигри. Затоа двајцата немаат ништо против една „на брзинка“. По 18 часот на мажите на ум им е само вечерата и одморот, а не сексот. Жената исто така е расположена за одмор, но и за доверливи љубовни разговори.


Нивните часовници навечер чукаат како еден

По вечерата, жената повторно е полна со енергија и расположена е да ја преземе иницијативата, но и да се впушти во нови љубовни игри. Тој исто така е подготвен да ја исполни секоја желба на партнерката. Нивните сексуални часовници тогаш чукаат во совршено складно и уживањето е максимално кај двајцата. По 22 часот нивото на хормоните за сон, нагло се зголемува кај жената и нејзиното либидо ослабува, затоа пак е повеќе исполнета за романтични чувства.

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg