6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт

„Тој не ме забележува. Се чувствувам како да сум мебел во домот – нешто што тој верува дека секогаш ќе биде тука. Можеби ме сака, но таа љубов не ме задоволува“. Зошто жените најчесто бараат љубовници и афери, според секс терапевт?

zdodevno-im-e-i-baraat-vozbuda-zaradi-koi-prichini-zhenite-naogjaat-ljubovnici-spored-seks-terapevt-01.jpg

Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници заради сексот, а жените тоа го прават за да ги задоволат сопствените емотивни потреби. 

Но, според секс терапевтот Трејси Кокс, работите не се толку едноставни и не се црно-бели, особено кога станува збор за припадничките на понежниот пол.

Кои се шесте причини заради кои жените најчесто изневеруваат според неа?

Емотивно запоставување

„Тој не ме забележува. Се чувствувам како да сум мебел во домот – нешто што тој верува дека секогаш ќе биде тука.

Можеби ме сака, но таа љубов не ме задоволува.

Посакувам да чувствувам страст и внимание. Ќе почнам афера и нема да чувствувам грижа на совест“.

Според Трејси ова е најчестото сценарио што прави жената да се чувствува незадоволно во врската и да побара афера. Најчесто жените веруваат дека ако нивниот партнер не им обрнува внимание, тогаш може да го побараат на друго место.

zdodevno-im-e-i-baraat-vozbuda-zaradi-koi-prichini-zhenite-naogjaat-ljubovnici-spored-seks-terapevt-02.jpg

Одмазда

„Најдов пораки во телефонот што ми го скршија срцето.

Не сакам да се разведам затоа што го сакам сопругот и децата.

Не му се спротивставувам, но ќе му се одмазадм така што ќе си најдам љубовник.

Само јас знам што се случува и тоа ќе ми помогне да се справам со неговото неверство“.

Според Трејси, голем број жени изневеруваат само затоа што се уверени или се сомневаат дека партнерот го прави истото.

Не им е целта само да се чувствуваат еднакви, туку на тој начин се трудат да си ја вратат гордоста и да не се чувствуваат повредено. Според нивната логика, најдобро е да му вратат на партнерот така што и тој ќе ја почувствува нивната болка.

DALLE_2024-10-25_10.08.18_-_A_modern_cartoon-style_illustration_of_a_person_inspecting_a_shirt_collar_with_lipstick_marks_on_it._The_scene_shows_two_female_hands_holding_the_col.webp

За да си го вратат правото на глас во врската

„Тој ги заработува парите во домот и тој одлучува како треба да се трошат.

Речиси сите големи одлуки ги носи тој: се чувствувам како да немам никакви права во домот.

Жешкиот секс со љубовникот ме потсеќа дека тој не може да го контролира секој аспект од мојот живот“.

Кога жената се чувствува беспомошно и немоќно, може да побара утеха во афера и да се обиде на тој начин да си го врати правото на глас во врската.

zdodevno-im-e-i-baraat-vozbuda-zaradi-koi-prichini-zhenite-naogjaat-ljubovnici-spored-seks-terapevt-04.jpg

Не е задоволна од сексот во врската

„Со години се трудам да го научам партнерот што треба да направи за да се чувствувам задоволно по сексот.

Ми се лути и мисли дека го критикувам. Имам афера само за да си ги задоволам потребите.

Не дека го сакам љубовникот“.

Ова е единственото правило во кое се сложуваат и двата пола. Ако дома не го добиваш тоа што ти треба, тогаш ќе го побараш на друго место.

zdodevno-im-e-i-baraat-vozbuda-zaradi-koi-prichini-zhenite-naogjaat-ljubovnici-spored-seks-terapevt-05.jpg

Бараат нешто што е само нивно

„Мажите како да се раѓаат со знаењето дека тие треба само да седат и да ја гледаат жената како прави сѐ во животот.

Ние сме тие што треба да купат подароци за родендени, да одат во посета на роднините, да се слушнат со пријателите...

Имам афера за да знам дека имам нешто што е само мое, и дека не мора да бидам сопруга, мајка, ќерка постојано – туку и жена“.

Постојаниот стрес од кариерата, мајчинството и другите обврски често знаат да направат жената да се чувствува неценето и преоптоварено. Некои жени одат во спа центар за да украдат време за себе, а други наоѓаат љубовник за побегнат од притисокот.

zdodevno-im-e-i-baraat-vozbuda-zaradi-koi-prichini-zhenite-naogjaat-ljubovnici-spored-seks-terapevt-06.jpg

Здодевно им е и потребна им е возбуда

„Врската ни е супер, но заедно сме 20 години. Веќе знаеме сѐ, еден за друг.

Тоа што имам мала афера само ми помага да се чувствувам возбудено и животот да ми стане позабавен“.

Јасно е дека моногамните врски ни нудат сигурност и безбедност, но на сите ни се случува понекогаш да не обземе монотонија и да побараме поголема возбуда и нешто што ќе направи пак да се чувствуваме живи или да пробаме нешто ново.

zdodevno-im-e-i-baraat-vozbuda-zaradi-koi-prichini-zhenite-naogjaat-ljubovnici-spored-seks-terapevt-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: AI

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg