Изгубени во креветот

izgubeni-vo-krevetot-povekjeМногу мажи се длабоко уверени дека знаат сè што и треба на една жена во кревет, дека ги знаат сите тајни на добриот секс. Меѓутоа нивната глава...


...е полна со учења од филмови за возрасни.

Учејќи на таков начин повеќето од нив живеат во заблуда дека се совршени љубовници, а всушност, далеку се од тоа.

Еве некои од грешките.

Каква предигра?

izgubeni-vo-krevetot

За повеќето мажи предигата воопшто не е важна, па веднаш поминуваат на главното мислејќи дека жената ќе им побегне. Тие ќе побрзаат кон главната акција мислејќи дека со тоа се на пат да ја освојат титулата супер љубовник.

Секоја жена ќе се слиожи дека таквиот маж е далеку од титулата што ја посакува. Имено и пред да стигнат до бакнување, тие треба д аја заведуваат партнерката, да ја пофалат, да и се додворуваат и да и кажат колку ја посакуваат. Можеби тогаш предиграта во креветот ќе биде пократка од вообичаено, но не треба да се заборави на остатокот од нејзиното тело кој е преполн со ерогени зони.

Мислат дека мораат да бидат тивки

Многу мажи веруваат дека за време на сексот тие мора да бидат тивки, а жената е таа која треба да испушта звуци. Но, ако водат љубов без глас, партнерката би можела да помисли дека нешто не прави какао што треба. Затоа не е лошо понекогаш да се испушти звук на задоволство.

Мислат дека имаат сè што и треба на жената

Не се свесни дека има жени кои не можат да доживеат оргазам само со пенетрација. Претпоставуваат дека со нивната партнерка нешто не е во ред ако на тој начин не може да дојде до оргазам, наместо да признаат дека и треба дополнителна стимулација.

Уверени се дека знаат што сакаат жените

Мажите, во повеќето случаи, мислат дека знаат што сакаат нивните партнерки, се разбира водени од претходните искуства. Но не се сите жени исти и ако нивната претходна партнерка сакала секс набрзина, не мора да значи дека сите негови идни љубовници тоа ќе го сакаат. Ова не се однесува само на сексот, туку и на врските. Постојат жени кои може да имаат однос без обврски, но и такви кои лесно се врзуваат за мажот со кого спиеле.

Би можело да ве интересира:

„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg