9 реченици од кои им се темни на мажите

9-recenici-od-koi-im-se-temni-na-mazite-povekjeПостојат некои реченици кои ги излудуваат мажите. „Ајде де одиме во шопинг“ е една од нив, бидејќи тоа подразбира бесконечно шетање по продавници...


...разгледување на излози и бесконечно пробање гардероба.

„Ист си како татко ти“ е втората, а следната уште полошата гласи: „Ист си како мојот татко“.

Од реченицата „Мораме да разговараме“ секој маж ќе се стаписа од страв, бидејќи веднаш помислува дека нешто згрешил.

1. Биди маж
Ништо не е така навредливо како овој исказ. Со него откривате што навистина мислите за партнерот. Дури и ако ја изговорите во афект, тој долго нема да може да се соземе.

2. Моите сакаат да те запознаат
Ова може да значи само две работи: или му соопштувате дека вашата врска станала сериозна, или од него се очекува да дојде на набљудување под семеен микроскоп.

3. Уморна сум
Тоа значи дека нема ништо од секс. Но, ако се обидете да се извадите на главоболка, а тој ви понуди аспирин, што тогаш?

4. Мојот бивш тоа го правеше поинаку
Ова е многу низок удар. Нема начин по ова тој да ја врати својата самодоверба.

9-recenici-od-koi-im-se-temni-na-mazite

5. За што размислуваш?
Жените се многу љубопитни суштества. Тие сакат да ја знаат секоја мисла на својот маж, чувствата, претпоставките... Мажите од друга страна, не сакаат да дискутираат за својот духовен живот и да го расчленуваат на ситни детали.

6. Дали мислиш дека таа е убава?
Ако каже не, знаете дека не ја зборува вистината, што може да доведе до расправија. Ако каже да, што тогаш? Некои прашања подобро е да се премолчат.

7. Дали забележуваш нешто необично на мене?
Секако дека мажот кој веднаш нема да ја забележи новата фризура е во неволја. Но, мажите се тоа што се баш затоа што вашата фризура не им е најважната работа на светот. Подобро е да не се нервирате бидејќи тој веќе се изнервирал поради тоа прашање.

8. Мојата другарка се омажила
Оваа информација само на прв поглед звучи безопасно, но бидејќи вие знаете, а и таа знае, дека веста всушност гласи „Ние кога ќе се венчаме?“, не треба да ве чуди ако таа убава вест предизвика негов контранапад.

9. Мораме да разговараме
Сосема е јасно дека од оваа реченица секој маж може да се стаписа од страв. Што го чека сега? Долга расправија за тоа како ве запоставува? Единствената реченица која е полоша од оваа е прашањето „Дали мислиш дека сум дебела?“ Тука ни нему ни вам ви нема помош.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg