Емотивни исповеди на жени: „Моментот кога сфатив дека сум со маж кој ме контролира“

„Ми стана јасно дека ме контролира кога сфатив дека постојано се плашам да не го разочарам. Постојано се грижев како ќе изреагира ако кажам или направам нешто, ако облечам нешто што не му се допаѓа…“

emotivni-ispovedi-na-zheni-momentot-koga-sfativ-deka-sum-so-mazh-koj-me-kontrolira.01.jpg

Многу жени се нашле во токсична врска со маж кој сака да ги контролира.

Додека некои го воочуваат ова навреме, контролата што може да ја воспостави партнерот не секогаш е очигледна, особено ако на почетокот на врската се преправал дека е прекрасна личност.

На Редит, корисничките ги споделуваат нивните искуства со вакви партнери, заедно со мигот кога сфатиле дека треба да стават крај бидејќи дечкото или сопругот ги контролира.

Дел од нивните исповеди во продолжение:

„Имав 21 година. Го прашав дали може да одам на викенд патување со неколку другарки. Не ми рече не, но неколку дена беше намуртен и правеше да се чувствувам виновно сè додека не го откажав патувањето.

Кога татко ми ми се јави да ме праша како си поминав со другарките, му кажав дека не отидов. Тој ми рече дека љубовта не треба да ме спречи да бидам своја, туку да ме охрабрува. И, во тој миг сфатив“.

„Кога почнав да одам на психијатар и да примам терапија, ми рече ’Што ако почнеш да се чувствуваш подобро и повеќе не ме сакаш?‘ Си помислив - зошто е лошо што конечно ќе се чувствувам подобро?

Прво ми велеше дека сум токсична и дека врската не ни здрава, а одеднаш почна да се плаши дека кога ќе ми биде подобро, ќе го оставам. Раскинавме три месеци подоцна, но сфатив дека требало да ставам крај многу порано“.

emotivni-ispovedi-na-zheni-momentot-koga-sfativ-deka-sum-so-mazh-koj-me-kontrolira-6.JPG

„Кога излегував без него, прво ми велеше да му кажам кога ќе стигнам за да не ме мисли. Потоа почна да ми вели да му пратам селфи за да ми го видел ’убавото лице‘. Со текот на времето, почна да ми вели ’Прати фотографија од ресторанот, додека држиш виљушка‘“.

„Сфатив дека морам да внимавам да не му кажа ако некој предмет ми значи бидејќи можеше да го скрши ако е гневен, за повеќе да го немам тој предмет. Откако му раскинав, проба да ми се врати и ми се извини бидејќи кога бил гневен кршел предмети. Само го права зошто никогаш не крши работи што се негови“.

„Станав свесна дека ме контролирал неколку години откако раскинавме. Читав книга во која имаше девојка за која сите велеа дека партнерот ја контролира. Првото нешто што си помислив беше ’Не ја контролира, мене ми се случуваше истото‘.

Но, потоа сфатив колку среќна сум била што сум успеала да избегам од таа врска. Ми стана јасно зошто многу жени не можат да ги напуштат токсичните партнери“.

emotivni-ispovedi-na-zheni-momentot-koga-sfativ-deka-sum-so-mazh-koj-me-kontrolira-5.JPG

„Ми стана јасно кога сфатив дека постојано се плашам дека ќе го разочарам партнерот. Постојано се грижев како ќе изреагира без разлика дали ако му кажам нешто, облечам некоја облека што не му се допаѓа или го споделам моето мислење. Ми велеа дека правел така бидејќи ме сака, но љубовта не треба да прави да се чувствувате исплашено“.

„Ми рече дека е во ред да одам во продавница со другарка за да си купам шминки. Но, два дена подоцна, дома ми стигна шминка што тој ми ја нарачал. Кога му кажав дека не ми се допаѓа што направи така, ми рече дека сум била неблагодарна“.

emotivni-ispovedi-na-zheni-momentot-koga-sfativ-deka-sum-so-mazh-koj-me-kontrolira-04.JPG

„Околу една година откако го оставив и најдов нов дечко – сфатив дека новиот дечко не ме прашува постојано каде сум и не ме тера постојано да си дојдам дома порано, туку ми се јавува само за да ме праша како сум“.

„Кога првпат го одбив за секс, стана многу агресивен“.

emotivni-ispovedi-na-zheni-momentot-koga-sfativ-deka-sum-so-mazh-koj-me-kontrolira-02.JPG

„Кога почна да ми кажува што да јадам, што да носам, кога ми нареди да ги избришам сите машки пријатели од Инстаграм… Тогаш сфатив дека е време да ставам крај“.

„Кога ми стана јасно дека не можам да потрошам ни 5 евра без да добијам паничен напад плашејќи се од неговата реакција“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава