Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Говорот на телото ги открива лагите

govorot-na-teloto-gi-otkriva-lagite-povekjeЛуѓето често лажат, но бидејќи не сте во можност да ги приклучите на полиграф проверете колку се искрени. Експертот за говор на телото Пети Вуд открива...


...пет начини како да откриете дали некој ја зборува вистината или не.

Обрнете внимание на говорот на телото

govorot-na-teloto-gi-otkriva-lagite

Рацете во џебови, поглед насочен кон подот и спуштени раменици укажуваат дека личноста пред вас не е баш опуштена. Кога сте искрени и добро се чувствувате во врска со она што го зборувате, телото го држите исправено. Доколку лажете, вашето тело ќе биде наведнато надолу, кое всушност преставува начин на кој се обидувате да ги „контролирате или задржите информациите“ - објаснува Вуд.

Одмерете го нивниот говор

Ако поставувате прашања поврзани со приказната на вашиот соговорник, а тој реагира така што се лути или „кисело“ се смее, или си игра со косата, можеби се обидува да ве залаже. Детективите ќе ви речат дека осомничените неретко се смеат или насмевнуваат за време на испитувањето за да ја прикријат нервозата. Лутината исто така служи како еден од начините на кој ја сокриваме нервозата за да не бидеме фатени во лага - вели Вуд.

Обрнете внимание на зачестеноста на нивните тикови

Тоа што некој ги допира носот или устата или често трепка не значи дека лаже. Кај таквите тикови тајмингот е клучна работа. Ако забележите дека некој има тикови од почеток на разговорот, не обрнувајте премногу внимание на тоа. Но, ако тиковите почнат баш кога ќе помислите дека таа личност излажала, можеби сте на трага да ја фатите во лага – советува Вуд.

Верувајте и на интуицијата

Ако во вас проработи интуицијата или се појави сомнеж немојте тоа да го игнорирате. Централниот нервен систем е некој вид детектор за лаги. Така да кога мислите дека некој ве лаже, тој реагира. Таа реакција се нарекува “fight or flight response”. Тоа значи дека ќе реагирате на еден од двата начина, или ќе му возвратите на оној кој ви зборува со зборот „глупости“ и ќе му укажете на нереалноста на тоа што го зборува или едноставно ќе отидете и ќе заборавите се што ви рекол – вели Вуд. Вродениот детектор за лаги се наоѓа во мозокот, а од него зависи и емоционалното однесување. Меѓутоа проблемот е во тоа што тој не е секогаш прецизен. Поради тоа најдобро е да го „применувате“ на пријателите, бидејќи ги познавате добро и знаете како се однесуваат кога лажат.

Поставувајте прашања и форсирајте ја приказната по обратен редослед

Многумина кои лажат ја планираат својата приказна од почеток до крај, па кога ќе им поставите прашања кои не го следат редоследот  на „нивните приказни“ ќе паднат во замка. Некој кој доживеал нешто нема да има проблем тоа да го објасни, но оние што лажат ќе имаат потешкотии целата приказна да ви ја раскажат наназад, односно од крајот кон почетокот. Така што ако пријателот ви дојде со долга приказна со „оправдана“ причина поради која доцни, наместо да го пуштите да ви ја раскажува од почеток до крај, прекинете го со прашања поврзани за „причината“ за доцнењето.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Депресивните личности се пронаоѓаат и стапуваат во депресивен брак, со став „ние против светот“ - Но... Кога ќе се сретнат две депресивни личности, кои негативно гледаат на сè, тие доб...
10 фрази кои на мажите им влијаат позитивно на психата (и треба да им ги кажете) „Ти благодарам што го направи тоа за мене“ - Клучната состојка на долгите врски ...
Луѓе кои го фатиле неверниот партнер на дело ги споделуваат нивните (луди) искуства „Се вратив еден ден порано од деловно патување. Дома ме пречека сопругата прегрн...
7 фрази што ќе ги слушнете само од маж кој не ве почитува Ако партнерот или кој било маж ве наведи или деградира, а потоа рече дека само с...
Најбизарните изговори за изневерување кои луѓето ги слушнале од нивните поранешни партнери „Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес од бременоста“. „Ме изн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg