„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“
„Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи се дали можеби не ме смета за привлечна...“

Магазинот „TheSun“ има рубрика каде читателите се обраќаат за да ги споделат своите интимни проблеми, а експертот за врски Џорџи Кали им одговара.
Џорџи Кали
Исповед на читателка:
„Во нова врска сум со помлад дечко и водењето љубов не помина како што очекував, иако, тој е 15 години помлад од мене - јас имам 43 години, тој 28.
Сакав само да уживам и водевме љубов првпат и искрено, не беше она што го очекував.
Се подготвував за огномет, страст, но наместо тоа, се чувствував разочарано.
Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи се дали можеби не ме смета за привлечна.
Никогаш не очекував дека некој толку млад може да има ваков проблем.
Потоа, од никаде, извади вијагра и рече: „Проблемот е решен!“
Потоа, имавме добар секс, но не можев, а да не се прашам дали навистина му треба апче за да се чувствува возбуден од мене?“
