10 одговори на интересни прашања за сексот

10-odgovori-na-interesni-prasanja-za-seksot-povekjeКолку и да мислиме дека знаеме сè за сексот, секогаш се наоѓа барем едно прашање на кое не сте го знаеле одговорот. Собравме 10 најинтересни...


...одговори за страста, оргазмот и хемијата која се ослободува за време на ова уживање.

1. Која е најудобната поза за секс под туш?
Зависи од кадата, но секако најудобна е стоечката положба. Потпрете се со рацете на работ од кадата или ѕидот, а мажот нека биде одзади. Ако имате можност загрејте ја атмосферата и наместете се пред огледало.

2.  Дали сакаат мажите да си играме со нивните брадавици?
Зависи од мажот. Некои тоа го сметаат за иритирачко, а за некои брадавиците се ерогена зона. Пробајте полека да го допирате со прстите, а ако му се допадне продолжете со бакнежи.

3. Која поза е најдобра за оргазам?
Сите ние сме различни, но истражувањето покажало дека најчесто тоа е позата кога жената е одозгора. Причина за тоа е што тогаш клиторисот најлесно се надразнува.

4. Во која поза најлесно се доаѓа до женската Г точка?
И овој дел е многу индивидуален. Кај повеќето жени до Г точката најлесно се доаѓа со таканаречениот doggy стил.

10-odgovori-na-interesni-prasanja-za-seksot

5. Колку предигра е потребно за жената да се „навлажни“?
Предиграта е многу важен дел од сексуалниот однос и за тоа е потребно време. На жените најчесто им  е потребно 15 до 30 минути.

6. Кој е најдобриот начин да се спречи предвремената ејакулација кај мажите?
Ако е мажот многу возбуден обидете се во текот на сексот што почесто да ги менувате позите. Тоа ќе му даде време да се „одмори“, а вам да доживеете многу динамичен секс.

7. Зошто сите мажи наутро се нај возбудени?
Тоа е природна реакција бидејќи во утринските часови, па и порано, машкиот хормон тестостерон е на највисоко ниво.

8. Дали е нормално жената и мажот да мастурбираат и после одличен секс?
Мастурбацијата е нормална појава бидејќи редовниот секс дополнително ја зголемува желбата за секс. Тоа значи дека колку повеќе се сексате толку почесто ќе се возбудувате.

9. Која е најдобрата поза ако жената е многу пониска од мажот?
Разликата во висина понекогаш во сексот може да преставува проблем. Позите кои се идеални за голема разлика во висината се оние кога е жената одозгора или пак кога се практикува секс на столче.

10. Зошто жените во текот на сексот или после оргазмот имаат чувство дека им се оди по мала нужда?
Чувството за потреба од мокрење во текот на сексот е сосема нормална реакција, а тајната се крие во Г точката која се наоѓа многу блиску до мочниот меур.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg