8 најдобри места за секс на отворено

8-najdobiri-mesta-za-seks-na-otvoreno-povekjeКога се работи за сексот, нема ништо повозбудливо од испробување на нешто ново, а летото е совршено време да уживате во досега неиспробаните моменти...


...на страст – секс на отворено.

Ако имате чувство дека вашиот сексуален живот се наоѓа во досадна и предвидлива рутина, време е малку да ги зачините работите. Топлите летни ноќи како да се создадени за зовриени страсти, а оваа сезона речете му збогум на креветот и пробајте некои сосема нови локации.

Автомобил

8-najdobiri-mesta-za-seks-na-otvoreno

Упатете се на ноќно возење со само една цел, да уживате во водењето љубов. Скриениот пат е одличен избор, а автомобилот паркирајте го подалеку од љубопитните погледи. Добра идеа е да облечете нешто што лесно се соблекува, поточно да може да лизне низ телото. Затворете ги прозорците, пуштете музика за уште подбра атмосфера и едноставно препуштете се.

Плажа

Секоја вечер од вашиот годишен одмор не мора да се заврши со прошетка или одење на сладолед, некогаш отидете навечер на плажа. Уште во текот на денот обидете се да забележите некоја скриена плажа, доволно оддалечена од минувачи. Шумот на морето ќе биде силен афродизијак.

Лулашка во паркот

И додека денот во парк може да биде идеален за пикник, ноќта е резервирана за нешто посериозни игри. Скриениот дел од паркот, обвиен  со темница, преставува совршен избор. Уште ако таму има лулашка, тоа ќе биде полн погодок.

Шатор

Ако ова лето кампувањето е ваш избор, немојте да заборавите во патната торба да спакувате и чувство за спонтаност. И додека им се препуштате на чистите страсти, имајте во предвид дека околу вас има и други кампери. 

Тераса

Сосема ново сексуално искуство ве чека веднаш зад вратата. Почекајте комшиите да заспијат и препуштете им се на страстите на балкон или тераса. Чувството дека правите нешто забрането и дека некој би можел да ве види, ќе ја подигне температурата.

Џакузи

За ова место не треба ништо посебно да се каже, бидејќи сексот во него за време на летото е „задолжителен“.

Брод

Дали некогаш сте слушнале за изразот„не го нишајте бродот“? Во овој случај тоа не важи. Ако немате брод или барем чамец или пак можност да летувате на јахта, тука е секогаш добриот дрвен чамец. Отпловете малку, но не предалеку и испробајте нешто сосема ново.

Кров

Ако живеете во зграда и имате излез на рамен кров, имате совршена можност ова лето да уживате во чиста страст со голема доза на романтика. Вие двајца заедно и небото над вас, ништо друго не ви треба. Препуштете и се на страста и подигнете го вашиот сексуален живот до невидени височини.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg