Другарка ми е во брак. Мажот не ја допрел откако се породила. А ни пред тоа не се трудел баш.

Бракот стана поважен
од луѓето што го сочинуваат.

Каде е оној маж
за кого се бореше,
минувајќи низ терапии,
игли,
царски рез,
само за да станат родители?

Каде е онаа жена
во која се вљуби,
убеден
дека ја пронашол љубовта на својот живот?

Исчезнаа.
Останаа само улогите.
Мама.
Тато.

Кога му рече
дека сака развод,
не слушна
колку долго молчи.

Го слушна само:
„Го растураш семејството.“

А себеси одамна се беше погазила.

Само навика.
И надеж
дека детето нема да го забележи
она што тие секој ден
се обидуваат да го сокријат.

А сè што требаше
беше многу порано
да си ја кажат вистината.

Немам повеќе сила.
Ќе ти бидам пријател.

Но не можам да бидам
она што одамна не сум.

Како да е крај на светот.

А се развеле милиони луѓе.
И светот продолжил да постои.

Многу повеќе бракови
опстануваат од страв,
отколку од љубов.

И додека го чуваат бракот,
се губат себеси.

На крај доаѓаат адвокатите.

Обвинувања.
Борба.

Големата љубов
се претвора
во голема казна.

Затоа што никој
немал храброст
навреме да ја каже вистината.

И тогаш страдаат сите.
А најмногу детето.

Зашто тоа не учи
како се живее
од нашите зборови.

Туку од начинот
на кој се сакаме.
Или не се сакаме“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава