Најчести женски лаги во кревет

najcesti-zenski-lagi-vo-krevet

Ги викаат „посилен пол“, но мажите сепак потешко се соочуваат со поедини вистини во однос на жените. Ако „удрите“ по сексуалноста, тоа многу ги боли.

За да се избегнат евентуалните непријатности и за да се сочува врската, жените применуваат лаги во креветот.
 
Невистините исто така може да предизвикаат проблеми, па психолозите советуваат дека сепак е подобро да се каже вистината, наместо да се избегнува, да се лаже и да се глуми. Ова е листа од најчестите лаги кои ги применуваат жените во кревет:

1. Големина

Величината на неговата „опрема“ отсекогаш била чувствителна тема, освен ако не е исклучително надарен, па е свесен за своите предности. Тоа го знаат сите жени, па многу внимателно ќе зборуваат на таа тема. Ако нивниот сакан баш и не може а се пофали со величината, таа ќе му рече или величината не е важна или дека неговата величина нејзе и одговара. Во секој случај, тоа ќе биде „добронамерна лага“  со помош на која жената избегнува да го повреди саканиот маж.

2. Број на партнери

Сакале да признаат или не повеќето мажи сметаат дека жената имала повеќе партнери. Тоа многу добро го знаат и жените, па ако мажот или момчето им го постават тоа прашање, настојуваат да го избегнат одговорот. А ако тие се многу упорни, ќе ги излажат. Таквата лага тие ја доживуваат како добронамерна затоа што ги прекинуваат понатамошните прашања и избегнуваат потенцијална реакција.

3. Оргазам

Женскиот оргазам сеуште за многумина е голема тајна, па делумно затоа се врежало мислењето дека многу жени го глумат. Некои жени, тоа навистина го прават, барем неколку пати во животот. Одглумениот оргазам е исто така лага. Ако ги прашате жените зошто го прават тоа, ќе одговорат: затоа што се уморни, поспани, загрижени или нешто слично, па сакаат едноставно да го забрзаат финишот.

4. Орален секс

Жената некогаш на својот љубовник ќе му рече дека совршено го практикува оралниот секс. Тоа најчесто ќе биде лага. Мажите главно ниту денес не го познаваат добро женскиот полов орган, па не е ни чудно што не се снаоѓаат во тој дел од сексуалноста. И повторно жените ќе речат дека така не сакаат да го повредат мажот. Но би било подобро жените тука да бидат искрени бидејќи така ќе си го подобрат сексуалниот живот.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg