Што не смеете да и кажете на жена која наполнила триесет години?

sto-ne-smeete-da-i-kazete-na-zena-koja-napolnila-trieset-godini-1

Иако во триесеттите жените имаат најголема самодоверба и се на врвот од својата интелектуална, но и физичка убавина, кога годините се во прашање, со жените не треба да се шегувате.

Премногу отворените коментари зборуваат повеќе за вас отколку за неа.

Еве што треба да се избегнува како коментар.

Ти си престара...

Никогаш немојте да кажете дека во „тие години“ не би смеела да прави одредени грешки, да излегува со погрешни момци, да носи тесни фустани, да одбира лоши работи... Совеста секако ќе и проработи и повеќе нема да може да се извлекува на наивноста од дваесеттите.

Треба да се грижиш за себе

Многумина имаат потреба на жени над триесет да им даваат совети здраво да се хранат бидејќи во тие години метаболизмот станува побавен, а и не се веќе во цветот на младоста. Нема да им биде баш мило да слушнат ако ги посоветувате да почнат да тренираат.

sto-ne-smeete-da-i-kazete-na-zena-koja-napolnila-trieset-godini-2

Биолошкиот часовник е навистина табу тема

Границите на мајчинството се поместени. Жените се сè поуспешни на деловното поле, имаат други приоритети, желби и сни. Впрочем, тоа е приватна работа и оној кој на жените им зборува за биолошкиот часовник во најмала рака е безобразен.

Си наполнила 30?

Да се наполнат 30 години за жената преставува пресвртница. Веќе има доволно искуство, мудрост, самодоверба и животот е пред неа. Најдоброто дури сега доаѓа. Но, ако тоа некој постојано го потенцира ја преминува границата на пристојноста.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg