Сексот го открива неверството

seksot-go-otkriva-neverstvoto

Иако човекот има способност да лаже и да се преправа, постои едноставен начин во врската да ја препознаете невистината и неверството.

Рабтите не се секогаш онакви какви што ви се чинат, а вистински рецепт за да го откриеме она што некој сака да биде сокриено, нема.

Најдобар начин е отворената комуникација со партнерот и отворен разговор за тоа што се случува.

Кога во врската почнува неверство, работите се менуваат. Кога се работи за трета личност, не треба да бидете детектив за да забележите одредени промени во врската. Постои стереотип како го прават тоа мажите, но и жените, можеби многу подобро од мажите.

Многу истражувања тврдат дека разликата е само во тоа што жените своите неверства знаат да ги прикријат многу подобро од мажите.

Еве кои се знаците што во креветот повеќе од јасно укажуваат на неверство.

Отсутност за време на сексот

Освен кога е во прашање умор, загриженост и оптовареност, избегнувањето на допирот на саканата личност, отсутниот поглед и мисли за време на сексот, преставуваат многу лош знак.

Кога мажот ги игнорира сексуалните возбудувања

Ако некогаш вашиот партнер се воодушевувал со секоја новина на вашето тело, а сега тоа го проследува со рамнодушен коментар, или уште полошо нема ниту да го забележи, тоа дефинитвно е добра основа за непријатни чувства и двоумење.

Неговата интимна зона

Сè уште многу мажи тврдат дека својата интимна зона ја имаат во својот природен облик, затоа што не се жени. Но многумина ќе се согласат на промена, ако тоа од нив го побара страсна жена. Зошто? Затоа што знаат во кој правец води тоа. Сето тоа е убаво, но проблемот се создава кога тој ќе ја разголи својата интимна зона пред жената која тоа од него не го барала. На располагање е секогаш тврдењето дека тоа „мазно изненадување“ е наменето всушност за неа. Секеко друго прашање е ќе сака ли жената на таквите тврдења вечно да наседнува.

Постојани изговори

Неверството кај парот може да предизвика сè помал број на сексуални односи. Кога тие ќе станат бледа сенка, дојдено е време за акција на сознавање што всушност се случува. Сомнеж може да се добие да речеме кога секој викенд, кога имате простор и денови на располагање само за себе, наместо страсен секс, кој би го надоместил сето изгубено, постојано добивате сервиран милион и еден изговор.

Кондоми

Што би почнало да ви се врти по главата кога би пронашле кондоми во сакото или новчаникот, а со партнерот никогаш не сте ги употребувале како средство за контрацепција? Недвосмислено ситуацијата би ви се причинила сомнителна, иако има некои опрадвувања кои баш и не се многу голема поткрепа, освен ако сакате да верувате за нив.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg