Мажите кои се под стрес сакаат покрупни жени

mazite-koi-se-pod-stres-sakaat-pokrupni-zeni

Неодамнешните истражувања покажале дека мажите кои се изложени на секојдневен стрес за партнерки одбираат покрупни дами со изразени атрибути.

Научниците тврдат дека мажите вработени на одговорни позиции кои секојдневно се под стрес попрвин како симбол на женска убавина ќе ја одберат буцмастата Кејт Винслет, отколку тенката Анџелина Џоли.

Психолозите од Универзитетот Вестминстер во Лондон тестирале 80 мажи со просечна тежина. Ги поделиле во две групи, половина од нив учествувале на интервју чија цел била на испитаниците да им се создаде чувство на стрес.

По интервјуто испитаниците гледале слики на кои се прикажувани жени со различна градба.

Резултатите покажале дека речиси ниту еден маж од првата група на испитаници не покажал особен интерес за жени со покрупна градба, додека групата „под стрес“ исклучиво ги издвојувала покрупните дами како симбол на женска убавина.

Докторот Viren Svami рекол дека социолошките околности и економската несигурност се главната причина покрупните жени повеќе да ги привлекуваат мажите под стрес.

Научниците веруваат дека основната причина е таа што мажите потсвесно веруваат дека физички крупните жени истовремено се и ментално и карактерно посилни и дека се во состојба полесно да се изборат со кризните ситуации во животот.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg