Како се освојуваат жените, а како мажите?

Заведувањето е борба, а во секоја борба постои победник и победен. Бидете внимателни бидејќи тоа не значи дека победникот секогаш победува, а губитникот секогаш губи – за да не станете „уловен ловец“.

kako-osvojuvaat-zenite-a-kako-mazite

Заведувањето е збор со негативен предзнак, замка во која влегуваме и потоа се предаваме – по грешка или погрешно. Но, наместо да чувствуваме одбојност, тој збор не плени бидејќи заведувањето е вечно.

Заведувањето е далечен роднина на зборовите како што се неверност, злонамерност, интрига.... а сите тие личат на ѓаволчиња кои не се опасни по живот, вели Д-р Alehandro Napolitano, психотерапевт од Буенос Ариес.

Зошто заведувањето е непобедливо ? Што го прави толку отпорно? Зошто при средба на маж и жена неизбежно се појавува моментална привлечност од облините, бојата на гласот, парфемот? Зошто е неодолив дел на страста и играта на моќ?

Тој плени со зборови

Мажите заведуват со зборови. Барем така било со векови во кои опстојувала хегемонијата на машкото говорништво.

Таа ветува со поглед

Жените заведуваат со својата фигура, со ветување на непосредно заведување на недостижната фантазија. Тие владеат со уметноста на појавата заробувајќи го машкиот поглед.

Двобој на моќта

Заведувањето со поглед е најбрзо и најчисто. Заведувањето е и само по себе задоволство, неврзано за она што му следи. Задоволството на заведувањето лежи во триумфот над препреката. Мислите дека смисолот на заведувањето е љубовта? Не, поентата е во моќта.

Во заведувањето постојат: борба, победник и победен, но бидете внимателни бидејќи тоа не значи дека победникот секогаш победува, а губитникот секогаш губи. Во пракса има многу уловени ловци.

Има бројни примери кога заведената личност ја прифаќа улогата на жртва и од таа позиција е во можност да ослободи огромна моќ на доминација.

Заведувањето е стратешка игра која се игра во етапи, која бара трпение, а победата треба да се слави дури на самиот крај, нагласува Д-р Napolitano.

Какво е вашето искуство?

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg