Зошто се женат, а не се заљубени?

Веруваме дека повеќето мажи се женат бидејќи ја пронашле љубовта на својот живот, но има и такви кои не се женат поради љубов.

zosto-se-zenat-a-ne-se-zaljubeni

Ако ја тргнеме финансиската корист на страна, ова се најчестите причини поради кои мажот кој не е заљубен ќе го каже судбоносното „да“:

Сигурна вечера

Звучи застарено, но многу мажи ќе одберат брак како сигурност дека некој ќе ги нахрани навечер. Повеќето сакаат некој да се грижи за нив, а добриот оброк пред спиење им  е добар аргумент за брак.

Валкани алишта

Да бидеме реални, никој не сака да пере и простира алишта, но што се мора, се мора. Бракот со себе понекогаш носи делење на обврските, но во повеќето случаи жената попушта и се прави сама. Алтернатива е да чека додека мажот не се сети, што би можело да доведе до недостаток на чорапи.

Сите другари се веќе оженети

Неговиот најдобар пријател е веќе во брак, а и останатите се подготвуваат. Мажите, исто како и жените, некогаш бракот го сметаат како натпревар во кој сакаат да победат.

Чувство на вина

Некои мажи ќе се согласат на брак поради чувство на вина. Можеби не се заљубени, но жената со која се во врска очигледно цели кон венчавка, па ќе им биде жал ако не и ја исполнат таа желба.

Секс

Гаранција дека секогаш ќе имаат право на секс за мажите е сосема доволна причина да се оженат. И ним не им е забавно постојано „да трчаат по жени“, а колку се постари, толку ќе им биде помила жената која ја имаат дома. Романтично, зарем не?

Колку има вистина во ова?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg