На што сè делува добриот сексуален живот?

Сексот е забавен и добар за здравјето, но едно од новите истражувања додава уште една позитивна работа на листата – напредок во кариерата.

na-sto-se-deluva-dobriot-seksualen-zivot

По истражувањата на сите позитивни страни на редовниот секс, онлајт страната “LELO” дошла до пет главни заклучоци зошто акцијата во креветот е важна за луѓето и како делува на нивните животи.

Huffington Post пишува дека, 50 проценти од американците се чувствуваат пониско платено, па не е чудно што бараат покачувње. Сепак во споредба со сексот кој се случува еднаш неделно во споредба со еднаш месечно, луѓето имаат исто чувство како да добиле покачување од 50 долари годишно.

Редовен и задоволителен сексуален живот може да делува на продуктивноста на работа за 31 процент, додека креативноста се зголемува дури за три пати.

Една од најчестите причини за заостанување во кариерата е недостатокот на самодоверба. Во истражувањето 25 проценти од жените признаваат дека тоа го надоместуваат со шопингот. За време на шопингот во мозокот се создава допамин, хормонот на среќата, кој се активира и во сексуалниот однос. Затоа во кризните, тешки времиња им се препорачува на жените шопингот да го заменат со секс.

Познато е дека сексот ослободува од стрес, но според истражувањата просечен брачен пар има секс само 58 пати годишно. Кога тоа ќе се подели, излегува едвај нешто повеќе од еднаш неделно. Паровите кои секој ден си делат нежности како бакнеж или галење, полесно го поднесуваат дневниот стрес предизвикан со многуте обврски. Главна причина за тоа е активирањето на окситоцинот кој создава пријатно чувство, а потребно е 20 секунди нежност за да почне да делува.

Многу истражувања потврдиле дека редовниот секс помага и во постигнувањето на добриот физички изглед, а оној кој убаво изгледа подобро напредува во кариерата. За време на сексот низ телото поминува 400 пати повеќе кислород од вообичаено и затоа кожата има сјаен и поубав изглед. Освен тоа, кожата тогаш произведува и колаген кој ја штити од стареење и и дава еластичност.

Ако сте загрижени за тежината, а не сте љубител на вежбањето, тогаш добро е да знаете дека сексот три пати неделно може да согори и до 4 илјади калории. Тоа е од прилика количината на калории, која жените со вишок на килограми неделно ја внесуваат во организмот, па затоа потешко слабеат.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg