Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што мислат мажите за неверството, романсите на работа...

Да се влезе во машкиот мозок е сон на повеќето жени.

sto-mislat-mazite-za-neverstvoto-romansite-na-rabota

Авторите на книгата "WTF are men thinking", Кристофер Бриј и Мигел Алмараз делумно успеале тоа да го направат организирајќи големо истражување во кое добиле 250.000 одговори за ставовите кои ги имаат мажите кон поедини прашања.

Еве многу интересни, но и мекои неочекувани одговори.

За неверството
На прашањето дали би ја изневериле жената, или девојката кога би знаеле дека би можеле да се извлечат без тоа да се дознае, дури 80 проценти од мажите одговориле негативно. Ако врската е добра, немаат потреба да изневеруваат, така барем велат. Авторите пак предупредуваат дека еден од петмина мажи признаваат дека би изневериле кога би биле сигурни дека нема да бидат фатени.

Романса на работа
Мажите се релативно отворени за флерт на работното место, а не им е проблем ниту да имаат шефица, или колешка која заработува повеќе од нив. Сепак, три четвртини од нив рекле дека не би започнувале романса бидејќи не би сакале да си го комплицираат животот.

Заработка на жената
Идејата за мажот кој не сака жени кои заработуваат повеќе од него е застарена. На мажите тоа повеќе не им е толку важно, па 88 проценти од нив се сосема отворени за врска со такви жени.

Галење
Овој податок може да шокира: дури 93 проценти од мажите велат дека обожуваат да се галат. Алмараз сепак предупредува дека овие одговори се анонимни и дека мажите веројатно поинаку би одговориле кога би морале тоа да го сторат пред пријателите.

За вториот состанок
Мажите се сложни дека арогантна девојка сигурно не е некој со кого би сакале повторно да излезат, а ги одбиваат и девојки кои за време на состанокот постојано го користат мобилниот телефон.

А бившите момци?
Мажите едноставно не сакаат да слушаат за бившите врски на своите сегашни девојки. Околу 25 проценти од нив велат дека не ги интересираат никакви информации за минатите врски бидејќи тоа е сосема неважно. Исклучоци се бившите момци со кои тие имаат дете.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
Најбизарните изговори за изневерување кои луѓето ги слушнале од нивните поранешни партнери „Ме изневери додека бев бремена бидејќи бил под стрес од бременоста“. „Ме изн...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg