Пауза во врската, да или не?

Расправиите и муртењето може да бидат секојдневие во љубовната врска, но баш тие доведуваат до размислувањето луѓето малку да ја паузираат врската во која се наоѓаат.

pauza-vo-vrskata-da-ili-ne-01

Договорот е неопходен

Ако еден од партнерите смета дека раздвојувањето не е добро решение и тоа го гледа како крај на врската, додека другиот е уверен дека паузата ќе му помогне да ја „излади“ главата и да размисли за предноста на таквата врска, раздвојувањето не е добра идеjа. Не само што партнерот ставен на „тенок мраз“ ќе биде огорчен, веројатно ќе добие впечаток дека другата страна повеќе не го/ја сака и цени, бидејќи му/и е важно само личното чувство и не стравува дека ќе ја изгуби љубовта од партнерот. Ако целта за раздвојувањето е подготовка на другата страна за прекин, тогаш едногласното прогласување на паузата е добар начин за тоа.

Личен простор

Некои имаат потреба од повеќе, а некои од помалку личен простор, но несомнено е дека сите имаме потреба од време и простор само за себе. Луѓето кои што не се навикнати да го делат своето време со другите, во врската може да станат нервозни и нетрпеливи, а паузата е одличен начин да се вратите кон себе и да сфатите дали сакате простор без својот партнер или пак тој/таа ви недостасуваат.

Пронајдете се себе си

Паузата ретко значи дека некој од вас двајца сака да се гледа со други луѓе, а често само се обидува да се најде само себе си, па во таквите паузи на врската ќе биде време во кое ќе се запознае самиот, ќе сфати што сака и ќе се врати како подобра и потполна личност.

Чувство на смиреност

Врските знаат да бидат страсни и напнати, но иако страста е секогаш добра, понекогаш може да нè измори. Времето на пауза е затоа идеално за да се вратите во смирена состојба, а ако се одлучите да се вратите во врската, ќе бидете одморени и расположени за нови предизвици.

Соочување со болката

Секако, не може секое раздвојување да биде смирувачко и рационално за двете страни, но неопходно е луѓето да чувствуваат меѓусебна поврзаност и љубов и покрај кризата во врската.

Ако и по паузата не се постигне компромис за заедничките цели, желби и ставови, продолжувањето на врската нема никаква смисла.

Какво е вашето искуство со пауза во врската?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg