Седум одлични прашања за првиот состанок

Немојте да прашувате кој знак е во хороскоп!

sedum-odlicni-prasanja-za-prviot-sostanok

Работата, хороскопскиот знак и најомилениот бенд дефинитивно се работи за кои ќе прашате на првиот состанок, но овие прашања се толку старомодни што некогаш може да бидат и досадни.

Ако ги поставите овие прашања, сигурно ќе добиете интересни одговори, но повеќе ќе се забавувате ако прашате:

1. Која е твојата тајна вештина?
Мажите обожуваат да зборуваат за себе, особено кога можат да се пофалат со нешто. Истото важи и за девојките.

2. Најомилена играчка од детството?
На ова прашање можеби нема да добиете веднаш одговор, но со малку наговарање сигурно добро ќе се насмеете.

3. Кој е најдобриот подарок што некогаш си го подарил/а?
Повторно можност за фалење, но и одличен начин да се види колку е внимателен/а кога се во прашање другите.

4. Најзасрамувачка случка од училиште?
Започнете со кажување на својата за да не се чувствува непријатно, па потоа партнерот ќе продолжи.

5. Ако се заглави во лифт и ако мора да слуша само една песна, која би била таа?
Машкиот, а и женскиот вкус многу зборува за него/неа, а ова е интересен начин да се коментира музиката во споредба со прашањето за најомилен бенд.

6. Најлоша работа која си ја работел/а?
Интересните приказни за лошите шефови секогаш се добра тема за разговор, особено ако имате слични искуства.

7. Да можеш да добиеш нешто за што секогаш си сонувал/а, но за возврат тоа никогаш не смееш да го кажеш, дали би го сакал/а подарокот?
Некои луѓе сакаат работи за кои другите би им завидувале, а некои затоа што навистина ги сакаат. Одговорот на ова прашање може многу да каже за личноста.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg