Одберете идеален подарок за посилниот пол

Понекогаш пронаоѓањето на божиќни и новогодишни подароци за вашиот партнер може да биде голем предизвик, особено ако не успеете да утврдите што му е навистина потребно.

odberete-idealen-podarok-za-posilniot-pol-1

Размислете кои се карактеристиките на подарокот кој би сакале да го купите – дали ќе го одбирате според буџетот со кој располагате, според одредена потреба на вашиот партнер или пак според неговото хоби и занимање.

Скап и долготраен подарок – часовник или паричник. Никогаш нема да погрешите ако вложите во ваков тип на подарок. Меѓутоа внимавајте доколку вашиот партнер веќе има квалитетен часовник или пак нов, кожен паричник – не е пожелно да ги дуплирате подароците.

Едноставен и топол подарок – џемпер, палто, капче, шал или марама. Секогаш е задоволство кога вашиот партнер е прекрасно облечен, а вие сте ја имале честа да му го одберете џемперот кој одлично му стои. Никогаш не пропуштајте шанса да пронајдете парче облека кое знаете дека ќе му се допадне.

odberete-idealen-podarok-za-posilniot-pol-2

Наместо подарок, посветете му неколку денови само на него – викенд патување. Ако вашиот партнер е зимски тип на човек, никогаш нема да ги заборави неколкуте снежни денови полни со љубов. Затоа воопшто не се мислете кога станува збор за организирање на мало патување.

Подарок кој ќе го направите вие самите – вечера, сувенири, слики. Ограничениот буџет понекогаш значи дека љубовта е доволна за прекрасен подарок. Доколку сакате да му приредите мал и едноставен подарок – направете му вечера, поклонете му мал сувенир кој знаете дека секогаш ќе го потсетува на вас или пак направете колаж од заеднични слики и урамете ги.

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg