Сезона на раскинувања: Како да се преболи?

Две седмици пред Нова година, во светот „пукаат“ најмногу врски. Ако вам ви се „случи“ оваа статистика, за успешно да го поднесете љубовниот бродолом, сетете се зошто сте ја прекинале врската. Ваша парола нека биде :„Да беше добро, ќе траеше“.

sezona-na-raskinuvanja-kako-da-se-preboli

- По раскинувањето дозволете си извесно време да чувствувате во себе болка. Плачењето може да биде одличен начин да ја решите напнатоста на вашиот нервен систем. Поминете низ дома, проверете го компјутерот и работното место, соберете ги сликите и подароците, кои потоа некаде ќе ги сокриете.

Без анализи

Ненадејното раскинување најмногу влијае на самодовербата.

- Мораме да прифатиме дека не можеме секогаш да знаеме зошто некој не оставил – истакнува советничката за врски Д-р Пам Спур.

Пробајте нешто ново

Почнете да се занимавате со нешто што нема никаква врска со бившиот/бившата. Излегувајте за да се забавувате. Уживајте со пријателите, излегувајте со интересни луѓе и што помалку мислете на пропаднатата врска.

Пријателство на чекање

- Ограничете ја употребата на интернетот. Не помага ако некого го следите, па најдобро е да го „исфрлите“ од пријатели на Фејсбук, барем привремено. Така нема да трошите енергија замислувајќи што и со кого прави – советува др Ема Шорт, професор по психологија во Бредфордшир.

Витамин Б за позитивно придвижување

По раскинувањето сте потиштени и ништо не може да ве натера да се придвижите, но витаминот Б е одличен трик. За убав изглед на кожата и косата, прв чекор е исхрана богата со антиоксиданси. Грижата за себе ја зголемува самодовербата.

Не го анализирајте бившиот партнер

Ако останеме без некој кого го сакаме, склони сме да ги помниме само добрите работи за таа личност. Идеализирањето на луѓето го нарушува процесот на жалење и поради тоа страдаме уште повеќе. Кога ќе се насочиме само кон нечии добри особини, болката се зголемува – кога ќе обрнеме внимание на неговите мани, болката се намалува бидејќи сме среќни затоа што сме си го решиле проблемот. Одвојте време и направете список кога сте имале лоши моменти и кои се неговите/нејзините лоши страни.

Морате да бидете цврсти

И самите знаете дека кога на партнерот недвосмислено му покажувате дека без него/неа не можете, престанувате да бидете допадливи и привлечни. Тогаш оставате впечаток и постапувате како жртва. Кога ќе покажете дека се чувствувате добро, тоа не е само најдобрата одмазда туку и најдобриот начин да бидете добро.

Статистика: Најмногу раскинувања се случуваат пред празници како што е Нова година. Врските најчесто „пукаат“ во понеделник, како и на почетокот од летото.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
8 грешки со кои си ја уништувате врската (и можат да доведат до неверство) Ако само си ја префрлате вината еден со друг, ако сте емоционално затворени и ак...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg