Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто жените остануваат во лоша врска?

Жените остануваат во лоша врска, затоа што се плашат да бидат сами, се надеваат дека работите ќе се поправат, не сакаат да ги повредат децата, а често и ги обзема страв од тоа што носи разводот.

zosto-zenite-ostanuvaat-vo-losa-vrska

Најчестата причина зошто жените не сакаат да ја прекинат лошата врска е затоа што се плашат да бидат сами. Тие подобро ќе трпат навреди и понижувања, отколку самите да се соочат со сето она што го носи животот.

Некои од нив мислат дека самотниот живот е преценет, па се задоволуваат и со лоша врска.

Страв од развод

Без разлика на тоа колку нивниот брачен живот е неподнослив, голем број жени ќе останат во лоша врска затоа што се плашат од реакцијата на средината. Разводот донесува одреден вид на проблеми со кои тие не се подготвени да се справат.

Им отчукува биолошкиот часовник

Биолошкиот часовник е една од причините поради кој жените трпат. После години вложување во љубовниот однос, подготвени се да поднесат и најголеми понижувања  само за да добијат дете, особено ако поминале одредени години.

Не сакаат да го повредат партнерот

Понекогаш проблемите во врската се гледаат уште на почетокот, но во фазата на заљубеност тешко е тоа да се види. Децата, заедничките години и убавите моменти кои заедно ги поминале, не им дозволуваат да го повредат партнерот иако знаат дека врската нема среќна иднина.

Не сакаат да ги повредат децата

Разводот е исклучително болно искуство, особено за децата, па жените на таков чекор тешко се одлучуваат. Сакаат да им обезбедат нормален живот, а она што не го сакаат по никоја цена е да ги одвојат од таткото. Токму поради тоа се плашат да си одат и да се соочат со животот на самохрана мајка.

Се надеваат дека работите ќе се поправат

Во некои ситуации едноставно е тешко да се отиде затоа што повторно има надеж дека работите ќе се подобрат. Сепак, можноста за такво нешто е мала. Наместо тоа можно е партнерот уште повеќе да почне да ја користи нивната добрина, а заканите дека жената ќе го напушти да ги игнорира.

Мислат дека нема да најдат подобар

Тешко е да се појде во непознато, па припадничките на понежниот пол често се држат до она што го знаат, затоа што се плашат од она што следи. Ги занемаруваат маните на партнерот затоа што мислат дека нема да најдат подобар од него. Најважно е да се собере храброст и да се проба да се смени животот затоа што за својата среќа одговорни сме самите.

Себе си се гледаат како дел од проблемот

Луѓето изневеруваат затоа што на тоа имаат право, затоа не треба да се презема дел од нивната вина. Имајте на ум дека наместо љубовница би можеле да одберат брачно советувалиште или развод. Ако попуштите, на крајот би можеле да ги спуштите критериумите, а партнерот и понатаму ќе ја искористува вашата добрина.

Не знаат за подобро

Некои жени остануваат во лоша врска затоа што не знаат за подобро. Најчесто ги повторуваат истите грешки како што ги правеле и нивните родители, затоа што во нив го гледаат примерот. Таквата перцепција ги ограничува, па не ретко се помируваат со фактот дека за нив не постои ништо подобро.

Притисок на околината

Притисокот на семејството или пријателите често може да биде толку тежок, што жените подобро ќе останат во лош брак за да не треба да се носат со притисокот. Тие им наметнуваат одредени стандарди кои не се еднакви за сите, па за да не излезат помалку вредни, жените трпат за да успеат. Сепак, често не ја добиваат истата реакција од партнерот.

Би можело да ве интересира:

Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg