11 работи кои ТАА не сака да ги добие за Нова година

Многу мажи секоја година мака мачат со изборот на новогодишен подарок за својата поубава половина, а речиси сите имаат една цел – да избегнат тотална катастрофа.

11-raboti-koi-taa-ne-saka-da-gi-dobie-za-nova-godina

Иако желбите се разликуваат од жена до жена, сепак постојат одредени работи кои ниту една жена не би сакала да ги најде под елката.

Домашни апарати
Освен ако вашата партнерка не изразила желба оваа година под елката да најде нов тостер, миксер или апарат за кафе, немојте да купувате апарати за домаќинството или садови. Имено, дури и ако ужива во готвењето, сигурно не сака да се чувствува како од неа да се очекува секојдневно на масата да сервира специјалитети.

Облека
Облеката под елката, поради неколку причини е големо не. Како прво постои проблемот со големината – ако и купите поголем број би можела да се навреди и да ве обвини дека мислите дека е дебела, а ако и купите помал број, би можела лошо да се чувствува. Освен тоа, тука е и прашањето на стилот. Ако знаете дека вашата партнерка посакува облека, подарете и честитка во која ќе и напишете ветување за шопинг излет.

Ваша фотографија
Колку и да звучи необично, ова е еден од најлошите подароци, а воедно е и многу вообичаен. Пред да ја одберете вашата најдобра фотографија и одберете убава рамка, ја завиткате и ставите под елка, застанете и размислете малку. Ништо нема така да ја нагласи вашата нарцисоидност како вашата омилена фотографија на која позирате како модел. Вашата фотографија кога сте имале шест години? Ни тоа не е баш слатко. Ваша заедничка фотографија на која правите нешто забавно и незаборавно? Многу подобра идеја.

Сè што не може да се замени
Ако на подобрата половина и подарите исклучително скап подарок, проверете дали може да се замени за нешто друго ако подарокот, сепак, не и се допадне.

Диетални производи
Ако не сакате неволји, немојте да купувате ништо што е поврзано со слабеење и губење на килограми. Пораката која таа ќе ја прими штом ќе го отвори подарокот е дека би сакале таа да е послаба. Иако можеби тоа и не сте го мислеле, таквата реакција тешко ќе ја избегнете со овој подарок.

Подароци наменети за вас
Ако и подарите нов плазма телевизор кој и самите го посакувате и го наречете подарок за неа, бидејќи и таа ќе го користи, нема да „запали“. Одберете подарок на кој таа ќе се израдува и вистински ќе ужива во него.

Влезници за спортски натпревари
Можеби вашата сакана сака од време на време да гледа фудбал, ракомет или хокеј, сепак ако не е вистински фан, прескокнете ги влезниците за натпревар во изборот на подарок за нова година. Подобра опција се влезници за балет или театар. На време купете ги влезниците и одведете ја на претстава до чии влезници тешко се доаѓа. Сигурно ќе и се допадне.

Бескорисни ситници
Шолја за кафе која пее, ќе ја воодушеви кога ќе ја видите во продавницата. Доколку за некои такви бескорисни работи не постои некоја приказна која ве поврзува, немојте да ги купувате.

Парфем
Ако не побарала некој одреден парфем, тргнете се од полицата со парфеми. Освен што можете да одберете некој кој не и се допаѓа, на одредени парфеми може да биде и алергична.

Кеш
Пред да помислите дека тоа е добра идеја, сетете се дека не сака секоја жена така неинвентивен подарок.

Крема против бори
Звучи неверојатно, но има мажи кои што купуваат креми против бори и шминка за подарок. Мажите кои што купуваат такви подароци се малку необични. Затоа избегнувајте ги ваквите подароци затоа што шансите да направите погрешен избор се големи.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
Ножички со седење – секс поза во која жената има целосна контрола (18+) Можеби сте ја пробале секс позата „ножички“, но дали некогаш сте пробале „ножичк...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg