Легендарни машки лаги

Покрај тоа што мажите лажат повеќе, тие лажат и малку поинаку од жените. Лагите најчесто се однесуваат на нивните желби, поточно да го добијат она што го посакуваат.

legendarni-maski-lagi-1

Следната листа се однесува на најчестите машки лаги, а наспроти нив е реалната слика.

- Ќе ти се јавам – ако ми пропаднат сите останати договори.

- Немам девојка – моментално, покрај мене.

- Не сакам секс – исто како што ти одиш во продавница за слатки, само да разгледаш.

- И не е нешто згодна... – би спиел со неа, но немам реални шанси, така да...

- Одлично готвиш – не готвиш, а камо ли одлично. Правам огромни напори само да го погледнам јадењето, а тек додека го пробам...

- Обожавам да се дружам со твоите најдобри другарки и сите нивни испади – ХАХАХАХА, НЕ!

- Не си дебела – Кога пред малку стана, потстана и фотелјата со тебе.

- Не си напорна (додека гледам натпревар/додека сум излезен со другарите, а ти ми се јавуваш) – ова што јас го трпам е неподносливо.

- Не гледам порно и овие марамчиња покрај креветот се заради алергијата – можеш да замислиш...

- Само ми е пријателка – која уште не ми дала.

- Ќе разговараме подоцна – а сега исчезни ако може.

- Ова е најдобриот секс до сега – девојката пред тебе немала врска што прави.

- Не испив многу – тек го пијам второто пиво... Од третата гајба.

А дека понекогаш ја кажувате и вистината, докажува она „не е до тебе, до мене е“ – единствената типично машка реченица која на жените често им се докажува, па затоа веруваат без сомневање.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg