Што да напишете во СМС пораката после првиот состанок?

Која СМС порака е најтешко да се напише? Онаа која што ја праќате по првите состаноци со личност која ви се допаѓа, покажало најновото истражување.

sto-da-napisete-vo-sms-porakata-posle-prviot-sostanok

На британците им требаат четиринаесет минути за да состават порака со која ќе се заблагодарат за убавиот провод.

Повеќе не е важен само впечатокот кој ќе го оставите на првото излегување, туку и каква порака ќе испратите кога ќе си отидете дома. Погрешниот збор може да ве исфрли од игра.

Истражувањето кое го спровела веб страната Match.com укажува дека една третина од испитаниците се плашат дека ќе бидат отфрлени ако пратат несоодветна порака.

Партнерите исто така не сакат кога ќе добијат долга порака и пред да одговорат на првата, а и претераната употреба на смајли иритира.

Статистиката зборува и дека 60% (момците повеќе од девојките) им ги праќаат своите пораки прво на пријателите тие да ги проверат. Ова се маки кои ги мачат главно момците бидејќи се покажало дека повеќе од половина девојки очекуваат момците да го направат првиот СМС чекор.

- Некогаш важело правилото дека по првиот состанок треба да се почека три дена пред да му се јавите на избраникот. Изумот на онлајн состаноците, мејловите, СМС пораките, довел до тоа писмената комуникација да стане сè поважна, вели Кејт Тејлор, од сајтот за забавување.

Мали трикови

Кејт Тејлор нуди пет правила за успешни СМС пораки после првите состаноци:

  1. Пораките не смеат да оптоваруваат и да бидат привлечни. Немојте да дојдете во искушение да искажувате силни емоции. Подобро пронајдете симпатичен начин да искажете колку ви е мило што сте ја сретнале личноста на која и ја праќате пораката – и ништо повеќе од тоа.
  2. Бидете таинствени. Не мора да одговорите на секоја порака.
  3. Немојте да ги користите пораките како Фејсбук статуси. Затрупувањето со пораки нема да создаде позитивен впечаток за вас.
  4. Праќајте само една порака и трпеливо чекајте одговор. Немојте да кревате паника ако одговор не ви стигне веднаш. И никогаш не праќајте порака од типот: Дали ја доби мојата порака?
  5.  Бидете забавни.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg