Мажите избегнуваат пет типа жени

Кога зборуваме за мажите и жените, како и за нивните лоши навики, обично за жените се зборува како за оние кои се склони кон предрасуди и немилосрдно оценување на потенцијалните партнери.

mazite-izbegnuvaat-pet-tipa-zeni-01

Од машка перспектива, ова се петте вида на жени со кои во никој случај не би сакале да имаат нешто повеќе од поздрав.

1. Без ни малку размислување, првиот тип на жена која сите би ја избегнале е постојаната дрдорка, која не престанува да зборува дури ни кога спие. Додека некои жени мислат дека е слатко да се зборува многу и да се споделуваат значајни информации уште на првиот состанок – грешат.

2. Мажите ги привлекуваат жени кои малку флертуваат, но кога станува збор за непристоен флерт со секој маж на патот, тогаш дефинитивно тие се одбивни. Можеби ќе ви звучи чудно, но многу мажи овие жени ги опишуваат како жени со лесен и низок морал.

3. Ако го прашате било кој маж, ќе ви каже една работа – очајот не е воопшто привлечен. Па затоа можеби на третото место се наоѓаат жените кои навистина очајно се обидуваат да заведат. Доколку тој не реагира на неколку ваши сигнали, јасно е дека тоа не води никаде и не, не треба да се обидувате упорно.

4. Жените со многу машки пријатели се потполно необјаснива појава за спротивниот пол. Можеби тоа е заради некоја нејасна љубомора, но голем дел од мажите имаат лоша слика за девојката која постојано е опкружена со момчиња.

5. Поделени се мислењата и за последниот тип на жени кои мислат дека е во ред мажот да биде казнет за секоја негова грешка. Мажите тврдат дека овој тип на жени се многу мистериозни и не знаат што мислат се додека не погрешат нешто. А тогаш? Следуваат драми, расправии и казни. Не, тоа не е воопшто привлечно, тврди поголемиот дел на машката популација.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg