Што преставува љубовта?

„Што е љубов?“ Во изминатата година овие зборови беа меѓу најгугланите. Во обид еднаш за секогаш да се одговори на комплексното прашање, "Guardian" собрал луѓе од областа на науката, психологијата, книжевноста, религијата и филозофијата за да дадат своја дефиниција.

sto-pretstavuva-ljubovta

Физичарот Jim Al-Khalili: Љубовта е хемија

Биолошки гледано, љубовта е моќна невролошка состојба како гладта, или жедта, само што е потрајно. Зборуваме за слепа безусловна љубов над која всушност и немаме контрола. Тоа и не изненадува, бидејќи љубовта во својата основа е хемија. И додека страста е сексуална желба со рок ан траење, вистинската љубов со себе повлекува цела низа реакции во мозокот – феромони, допамин, серотонин, окситоцин... Меѓутоа, од еволуциона перспектива, љубовта може да се набљудува како алатка за опстанок на човековиот вид која ни помага да одржуваме долгорочни односи и да го создаваме и одгледуваме потомството.

Психотерапевтот Philippa Perry: Љубовта доаѓа во многу облици

За разлика од нас, луѓето од старите времиња немале само едно име за неколку емоции. Ние денес сè нарекуваме со зборот љубов, а порано секоја емоција имала свое име. На пример – ерос, кога зборуваме за сексуална љубов, или агапе, кога зборуваме за најчистиот облик на љубовта. Ние сето тоа денес го нарекуваме со еден збор - љубов. Сето тоа и е љубов, но невозможно е да се очекува дека сите можни облици на љубовта ќе ги исполни само една личност. Затоа и имаме семејство – за меѓусебно да се надополнуваме.

Филозофот Julian Baggini: Љубовта е страсна посветеност

Делумно е невозможно да се даде одговор на прашањето што е љубов, бидејќи љубовта не е една работа. Љубовта за родителите, партнерите, децата, земјата, пријателите.... Сите тие љубови имаат различен квалитет, а секоја има и свои варијанти – слепа, еднострана, трагична, превртлива, невозвратена, заведена... Но, во најдоброто издание љубовта е нашата одлука, односно нашата страсна посветеност кон некој однос кој го негуваме и развиваме. Затоа љубовта е нешто повеќе од чувство. Љубовта е страсна посветеност.

Писателот Jojo Moyes: Љубовта е двигател на сè

Што е љубовта – зависи од тоа каков е вашиот статус. Ако сте сигурни во љубовта, тогаш таа ви е потребна како воздух. Ако ја немате, таа е опсесија која боли. Љубовта е двигател на сите големи приказни – не само романтичните, туку и сите други. Најмногу фасцинира онаа точка пред љубовта, кога е се извесно, полно со исчекување.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg