Пет работи кои ги прават среќните парови

Дали некогаш сте се запрашале која е тајната на среќните парови? Ќе ви ја откриеме – таа се крие во малите секојдневни ситници. Ова се петте работи кои ги прават среќните парови:

pet-raboti-koi-gi-pravat-srekjnite-parovi

Разговараат
Секоја среќна врска се темели на добрата комуникација помеѓу партнерите. Тие кои можат со својот партнер да седнат и да разговараат како возрасни луѓе и да кажат сè што им е на ум, се многу посреќни од оние парови кои што немаат развиено таков однос.

Флертуваат
Повеќето парови знаат дека сексот секоја вечер не е возможен, ниту е цел кон кој треба да се тежнее. Всушност истражувањето спроведено во 1994 година ва Универзитетот во Чикаго, открило дека само една третина од американците имаат сексуални односи повеќе од еднаш неделно. Но, тоа не значи дека паровите не би требало секојдневно да флертуваат. Со давање на комплименти и со споделување на фантазиите, паровите можат секојдневно да внесуваат сензуалност во врската.

Се глупираат заедно
Стресната работа и забрзаниот начин на живот оставаат многу малку време за забава и опуштање. Затоа кога се заедно, среќните парови наоѓаат заеднички „вентил“ со кој ќе се релаксираат од напорниот ден. Било да се работи за гледање квизови, масирање или нешто трето, секој среќен пар има свој начин за заедничко опуштање.

Си даваат простор
Секоја личност има потреба од слободно време кое ќе си го посвети исклучиво себеси. Среќните парови тоа го знаат и меѓусебно си даваат простор.

Ги делат духовните моменти
Делењето на духовните моменти може да опфаќа сè, од молитва до медитација, она што е важно е чувството на поврзаност кое паровите го доживуваат за време на делењето на таквите моменти.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg