Шест тајни за сексот

Бидејќи читањето на мислите сеуште не е можно (барем колку што ни е нам познато) мораме да се „мачиме“ со погодување на она што спротивниот пол го има во главата.

sest-tajni-za-seksot

Се додека Марс доволно не и се приближи на Венера и мажите не успеат да ги читаат женските мисли, потребна е мала помош за разбирање на шифрите, особено кога е во прашање сексот, но тоа важи и во спротивната насока.

3 секс тајни кои мажите мораат да ги знаат:

1. Предигра

Иако се пишува за тоа дека на жената и треба предигра, тоа баш и не е вистина. Таа сака да биде фатена во секс игра без одолговлекување.

2. Игри и игрици

Жената не е светица, особено не во креветот. Таа сака да го зачини сексот со разни секс игри. Срамот под чаршафите не му помогнал ниту на еден брак или врска.

3. Згоден маж

Заблуда е дека на жената и е важна само внатрешната убавина. Вистина е дека повеќето ја ценат добрината и интелигенцијата на мажот, но при тоа секако сакаат и добро тело. Затоа мажите треба да вежбаат и да се дотеруваат за жените. Иако според повеќето истражувања жените се поостроумни од мажите, кога е во прашање сексот, знаат да погрешат во процената најмногу поради слабата самодоверба или пак незнаење.


3 секс тајни кои жените мораат да ги знаат


1. Мажот сака афирмација

На мажите им е потребна потврда за нивните сексуални вештини. Ако во текот на односот потврдно реагира жената на неговите техники тој ќе биде уште поупорен и подобар. После сексот треба да му се упатат комплименти во поглед на вештината.

2. Сексуална агресивност

Иако кај освојувањето понекогаш мажите повеќе сакаат беспомошна жена, жена во неволја, кога станува збор за сексот тоа баш и не е случај. Мажот сака да види желба, иницијатива и страст.

3. Згодна жена

Иако сексот е нагон, тој нагон треба да се поттикне. Мажот ужива во негувана и миризлива жена особено облечена за некое сексуално сценарио кое се одвива во неговата глава.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg