Г-точка: скриена ризница на уживањето

Г-точката како извор на женското сексуално ужување престана да биде мит, но патоказот кој води до неа е енигма од самото постоење. Ова се одговорите на најчесто поставуваните прашања за Г-точката, како и потсетување дека постои и А-точка.

g-tocka-skriena-riznica-na-uzivanjeto

Историја на Г-точката
Grafenberg е научник кој го „пронашол“ малото и исклучително подрачје во женскиот полов орган која кај жените може да предизвика многу силни реакции.

Сè што никоаш не сме се осмелиле да прашаме:

Каде се наоѓа Г-точката?
Г-точката е мало ткиво кое се наоѓа пет до осум сантиметри внатре во вагината и тоа на предната страна од горниот ѕид.

Како функционира Г-точката?
Г-точката е директно поврзана со делот од мозокот задолжен за пријатни чувства. Тоа значи дека кога по стимулација ќе дојде до оргазам, пријатното чувство е многу силно.

Како да се стимулира Г-точката?
Г –точката реагира исклучиво на притисок, не на допир, така што позата внимателно треба да се одбере. Ова воедно е и причина зошто многу жени, но и мажи многу тешко ја наоѓаат својата Г-точка. Кога жената не е возбудена, потешко се пронаоѓа Г-точката.

Г-точка кај мажите
Иако не постои во вистински смисол на зборот, за машка Г-точка се смета простатата бидејќи стимулирањето на тоа подрачје може да доведе до засилена реакција.

Што е А-точка?
За ова подрачје почна да се пишува во деведесеттите години. Таканаречената Anterior Fornix ерогена зона е чувствително ткиво на крајот од вагината, пред влезот во матката. Стимулацијата на тоа место доведува до забрзано и обилно влажнење на вагината, дури и кај жените кои се послабо чувствителни на сексуални допири.

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg