Си ја саботирате ли врската?

Дали понекогаш се наоѓате во ситуација да се расправате со партнерот, а откако ќе се смирите да сфатите дека сте кренале паника без причина. Внимавајте, дури и ако...




... го сакате партнерот, можно е да сте виновни за саботажа на сопствената врска.

1. Несигурност
Го имате овој проблем ако:
Се туткате и покривате секогаш кога сте голи. На комплименти реагирате збунето и завземате одбранбен став. Кога мислите на позитивните атрибути на партнерот се прашувате што бара со вас.

Зошто ова е проблем:
Кога се срамиме од сопственото тело ја губиме сексуалноста и не можеме да бидеме слободни и разиграни. Ако на пример, ви е потребно да пиете за да се опуштите пред да имате секс тоа ќе ја уништи блискоста со партнерот.

Како да го поправите:
Првиот чекор е свесност - на пример, да сфатите дека кога партнерот ќе ви каже „Изгледаш добро во овој фустан/џемпер“, а вие тоа го сфаќате како да кажал дека инаку не изгледате добро тоа се должи на фактот што се срамите од сопственото тело.

Вториот чекор е отворено да зборувате за тоа - искрено објаснете му ги своите несигурности на партнерот, зошто мислите дека ги имате и како се чувствувате поради нив. Потоа заколнете се пред себе дека ќе ги отфрлите сите симптоми на несигурност. На пример, престанете себе да се нарекувате „дебел“ и ќе видите дека наскоро и нема да се чувствувате толку дебело.


2. Погрешно времеsi-ja-sabotirate-li-vrskata
Го имате овој проблем ако:
Работите за кои не се согласувате и темите на кои најчесто се расправате со партнерот ги почнувате на романтична вечера, семејни собири или заеднички средби со колегите од работа. Или пак, уште полошо, го бомбардирате со обвинувања во истиот момент кога ќе се видите.

Зошто ова е проблем:
Вакви ситуации навистина многу нервираат! Сите знаеме дека комуникацијата е многу важна за една добра врска, но познавањето кога и каде да се комуницира е исто така важно.
Изнесување одреден проблем во несоодветно време или место никогаш нема да го реши, туку само ќе го зголеми. Ако продолжите со вакво однесување не се изненадувајте ако вашиот партнер престане да ве запознава со своето друштво.

Како да го поправите:
Ако сакате да разговарате за некој проблем најавете го тоа. „Тоа и тоа ме мачи. Може ли да поразговараме за тоа после/вечер/утре?“ Изберете место со доволно приватност каде можете да зборувате за сè без да ви биде непријатно. И секогаш решавајте ги проблемите лично, а никогаш преку телефон или mail.


3. Избувнување
Го имате овој проблем ако:
Вашиот партнер се жали дека му се истурате за сè - од ситници како раскревање по дома до поголеми нешта кои сепак се должат на недоразбирање.

Зошто ова е проблем:
Психолозите сметаат дека ваквите избувнувања може да се користат како замена за интимност. Ако му кажете нешто убаво и искрено како „Те сакам“ не знаете каков одговор ќе добиете. Но, ако почнете да врескате, сигурно знаете каква реакција да очекувате. Претераниот бес може да биде знак на вашата несигурност во неговите чувства. Со избувнувањето ја контролирате неговата реакција - бесот, што инаку сметате дека нема да ви успее. Иако намерите ви се добри, ова однесување ќе постигне сосем спротивен ефект.

Како да го поправите:
Следниот пат кога ќе се налутите запрашајте се дали вашата гневна реакција е соодветна на нанесената навреда. Доколку не е, размислете што ве прави толку бесни - нешто важно за кое сè уште не сте разговарале, или пак кога партнерот почнува да се нервира мислите дека тоа значи дека мора да сте му важни. Дали сте несигурни во него поради тоа што го направил, или ве разбеснува неповрзана случка од минатото? Наместо да викате, пробајте смирено да му кажете зошто се чувствувате така гневно. Наместо само да обвинувате „Ти не ми се јави!“, кажете „Јас се почувствував напуштено кога не ми се јави“.


si-ja-sabotirate-li-vrskata14. Водите евиденција
Го имате овој проблем ако:
Пресметувате на ти го - дај ми го, односно ако размислувате во насока „Излеговме со неговите/нејзините пројатели, сега треба да излеземе со моите“

Зошто е ова проблем:
Ако водите ваква евиденција тогаш не се чувствувате разбрани и ценети. Сигурно мислите дека партнерот не ги препознава и цени доприносите и жртвите што ги правите за вашата врска. „Да, ама...“ ситуациите се толку лоши што на крај ќе забележите дека изговарате и нешта како „Да, ме сака, ама јас го/ја сакам повеќе“


Како да го поправите:
Следниот пат кога ќе се фатите во „Да, ама...“ стапицата подзастанете и запрашајте се зошто. Дали е ова засебен случај - на пример вие секогаш варите кафе и би сакале барем еднаш партнерот да ви направи. Или пак е дел од многу поголем проблем - сметате дека вие секогаш правите отстапки и жртви во име на врската, а конкретниот случај со кафето е еден од многуте примери. Водењето евиденција нема да докаже дека сте подобар партнер. Тоа е детско однесување и треба да се потрудите да го сведете на минимум. Кога ќе почнете да размислувате во таква насока потсетете се дека иако вие можеби жртвувате повеќе во еден дел, партнерот тоа го прави во друг.


5. Се водите од минатото
Го имате овој проблем ако:
Го обвинувате сегашниот партнер за проблеми што сте ги имале со бившиот. Ако бившиот партнер ве изневерувал, а вие постојано се сомневате во новиот.

Зошто е ова проблем:
Психолозите велат дека често повторуваме исти проблеми додека не ги решиме. Додека се опседнувате со тоа дали и новиот партнер ќе ве изневери, тоа значи дека не сте се помириле со фактот дека бившиот го направил тоа. Вака нема да го постигнете саканиот ефект - само ќе си создадете сличен проблем со новиот партнер без да ги решите маките од минатото.

Како да го поправите:
Добро размислете за сите расправии или непријатни случки со минатите партнери што би можеле сè уште да ве мачат. Запаметете ги и следниот пат кога ќе почнете расправија со партнерот запрашајте се дали заслужува да го обвинувате. Можеби е подобро да му раскажете за она што ве мачи во врска со минатото, но внимавајте да не претерате со детали за бившиот партнер.

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg