Според одот откријте ги неговите чувства

Дали редовно ви се јавува и ве опсипува со внимание, како се однесува кон вас кога е со пријателите, колку често сака да имате секс – сето ова може да биде показател за тоа дали вашиот партнер искрено е заљубен во вас. Но, уште еден знак за неговите чувства кон вас е начинот на кој оди.

spored-odenjeto-prepoznajte-sto-cuvstvuva-za-vas-01

Новото истражување  за кое пишува „Live Science“ , покажало дека мажот ја прилагодува брзината на одењето според жената која му е важна, а тоа не го прави кога оди со пријателките.

Во студијата учествувале хетеросексуални парови, а секој од нив морал да изоди одредена патека за да им се измери оптималното темпо на одење. Просекот на мажите е 1,5 метри во секунда, а за жените 1,4 метри во секунда.

Потоа истата патека ја поминале уште неколку пати со својата партнерка, па со пријателка и со пријател. Секојпат ритамот бил поинаков.

Кога одат двајца мажи, двајцата одат побрзо од нивното вообичаено темпо.

Кога одат жените заедно, двете се побавни.

Кога се во прашање парови, мажите забавуваат и го прилагодуваат одот според ритамот на жената, без разлика дали се држат за рака или не.

Според тоа, доколку го забележите дека тој се обидува да ве следи во чекорот и се прилагодува според вас, може да бидете сигурни дека навистина сте му важна и се грижи за вас.

Истото можете да утврдите и кај оној пријател кој ви се допаѓа иако не сте пар.

На следната прошетка внимавајте на неговиот од.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg