Мажите ги откриваат 5-те лаги во кои веруваат жените

Мажите сакаат да бидат пријатели со жените без желба да спијат со нив, сакаат да им приоѓаат на непознати жени, нема да ве почитуваат ако спиете со него уште на првиот состанок.

vistinskite-odgovori-za-najcestite-5-lagi-za-mazite-vo-koi-veruvaat-zenite-01

Ова се само дел од мислењата кои важат како мислење на жените за мажите. Всушност, имаат многу мала точност во реалноста.

Некои мисли за мажите кога е во прашање нивниот однос кон понежниот пол, толку се раширени и останати, што речиси станале и правила. За да се разјаснат работите, мажите решиле да проговорат.

vistinskite-odgovori-za-najcestite-5-lagi-za-mazite-vo-koi-veruvaat-zenite-2

1. Нема да ве почитува ако спиете со него на првиот состанок

Вистината е: Сеедно е дали ќе имате секс на првиот или сто и првиот состанок. Сексот, односно неговото одложување, не влијаат на тоа колку мажот ќе ве почитува.

Ако донесете таква одлука на основа на вашето верување што ќе мисли другата личност за вас, а тоа не е она што вие го сакате, би можеле многу да се разочарате.

2. Мажите сакаат да бидат ловци

Всушност, мажите мора да бидат ловци, бидејќи тоа се очекува од нив, а не дека тоа го сакаат. За нив една од најстресните ситуации е онаа кога треба да ѝ пријдат на жената и да се соочат со одбивање и понижување.

Мажите радо би се смениле со жените за таа улога која сметаат дека неправедно им е доделена. Затоа, девојки, слободно тргнете во лов! Тоа ќе им биде големо олеснување на мажите.

3. Мажите може да бидат пријатели со жените, без да имаат потреба да спијат со нив

Една од најчестите дебати е токму оваа. Дали е можно машко – женското пријателство без страст и желба за секс? Одговорот гласи: Многу тешко, речиси невозможно.

На мажите им е многу тешко да го одвојат пријателството од страста. Физичката или менталната привлечност многу влијае на нивниот начин на размислување, но тоа нема никогаш да ви го признаат.

Не грижете се, тоа никако не значи дека истото ќе го направат доколку немаат многу посилни емоции.

vistinskite-odgovori-za-najcestite-5-lagi-za-mazite-vo-koi-veruvaat-zenite-3

4. Мажите сакаат изненадувања

Иако длабокото деколте, краткото здолниште, замотан пешкир после туширање или секси долна облека можат особено да ја разгорат машката фантазија, тие сепак, сакаат нешто конкретно.

Женското тело заслужува  воодушевување, затоа, ако сакате да го изненадите не се сокривајте под облеката, туку подарете му 100 % природа од себе, без облека.

5. Мажите се плашат од независни жени

Оваа невистина не важи за мажите помлади од 40 години. Тие сакаат да се дружат, запознаваат, да работат и да бидат во врска со силни и независни жени.

Самоуверениот партнер ќе биде горд на својата силна, независна партнерка и нема да мисли дека со тоа му ја одзема машкоста.

vistinskite-odgovori-za-najcestite-5-lagi-za-mazite-vo-koi-veruvaat-zenite-1

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg