10 тајни на среќните парови

Сите имаме по некој заљубен пар во својата блиска околина на кој се воодушевуваме или по малку завидуваме. Тие секогаш изгледаат среќно и вљубено бидејќи тоа им е главен приоритет.

10-tajni-na-srekjnite-parovi-01

Но, зад сето тоа се кријат 10 мали тајни кои ви ги откриваме за да ги примените и во вашата врска.

1.Уживајте еден во друг

Тоа е толку едноставно. Среќните парови сакаат да го поминуваат времето заедно, да разговараат и да прават разни активности во пар. Некогашниот член на Битлси, Ринго Стар, ја открил тајната на својот брак со сопругата Барбара, кој траел повеќе од три децении: „Имам многу среќа што таа сака да ме трпи. Ја сакам таа жена и таа ме сака мене. Малку се деновите кога се расправаме, а многу повеќе се оние денови кога ни е убаво. Ние поминуваме многу време заедно, во тоа е тајната“ – открил Ринго Стар.

2. Водат конструктивни расправии

Кога двајца луѓе живеат заедно, неретко се разминуваат со мислењата. Успешните парови се караат, но тоа го прават конструктивно, поради што врската им станува уште посилна. Една од техниките е одбирање на зборовите. Истражувањето на Универзитетот Калифорнија покажало дека паровите кои во текот на расправијата почесто користат множина (ние, нас, наше) чувствуваат помалку стрес од оние кои се истакнуваат себе во еднина. Ваквиот метод им помага на паровите во текот на караниците да се чувствуваат дека се на исто ниво и во ист тим, а не дека се еден против друг.

3. Простување

Среќните парови простуваат или бараат прошка и продолжуваат понатаму. Кога во нешто ќе погрешат, не им е срам да го признаат тоа и да се извинат, а во обратната ситуација, не им е проблем ниту да го прифатат извинувањето. Постои пат до простувањето кој скоро секој пар треба да го помине. На тој пат има 4 етапи: одрекување, воздржаност, заборавање, простување.

4. Целосно се посветени на врската

Постојат две опции кога сте во врска: или сте целосно посветени на врската или не сте. Не постои ништо помеѓу. Среќните парови не си ветуваат само еден на друг, туку навистина се посветуваат и предаваат на другата половина. Паровите кои се заедно веќе неколку децении, сметаат дека она што ги одржува е тоа што биле заедно и во добро и во лошо.

5. Се почитуваат еден со друг

Среќните парови имаат врска која се базира на почит и емпатија и ги интересира што се случува во животот на партнерот. Стабилните парови умеат да ги издвојат повеќе позитивните, отколку негативните карактеристики на партнерот, додека паровите пред раскинување или развод го прават спротивно на нив.

10-tajni-na-srekjnite-parovi-1

6. Учат и се развиваат заедно

Партнерите би требало да се поддржуваат меѓусебно во одлуките, да имаат исти интереси, заедно да учат и да се менуваат. Ако еден од партнерите реши да живее здраво и другиот би требало да го направи истото. Ако партнерот сака да се занимава со некое ново хоби, другата страна би требало да му биде поддршка и да се интересира за тоа. Како резултат се зголемува поврзаноста и се продлабочува љубовта.

7. Никогаш не престануваат да одат на состаноци

Една од најважните состојки на добрите бракови е одржување на романсата. Единствен начин за тоа да го постигнете е постојано да издвојувате време само за вас двајца. Барем еднаш неделно да излегувате на вечера, повремено да испланирате романтичен викенд или да се гледате секој ден после работа во блиското кафуле.

8. Знаат да се израдуваат еден со друг

Мора да ги знаете интересирањата и талентите на вашиот партнер, неговите желби и соништа. Не мора да чекате важни датуми за да го изненадите партнерот со подарок. Сетете се понекогаш и без повод да му подарите некоја ситница или нешто што спомнал дека му се допаѓа или му е многу потребно. Одржувањето на партнерот среќен и задоволен, низ малите знаци на внимание е клучот за среќна и долга врска.

9. Придржувајте се на правилото 60/40

Среќните парови мора да научат да бидат несебични, но и да оценат до која мера можат да очекуваат возвратено внимание. Затоа се препорачува да се придржувате до правилото 60/40, што значи дека давате 60 отсто од себе, а очекувате и земате 40 отсто од партнерот. Тоа се однесува на двајцата.

10. Имаат ист систем на вредности

Многу е важно да имате ист систем на вредности. На пример, ако сакате да трошите или пак, ако сте штедливи, вашиот партнер мора да знае да го разбере тоа, бидејќи парите знаат да бидат голем проблем во бракот. Исто така, важно е да имате исти цели во животот и да се залагате за она во што верувате и двајцата.

10-tajni-na-srekjnite-parovi-2

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg