Утрински vs. вечерен секс: Сите маани и предности

Утринскиот секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста, додека вечерниот ја намалува напнатоста и стресот.

utrinski-vs-veceren-seks-site-maani-i-prednosti-01

Сексот рано наутро го намалува ризикот од срцевиот и мозочен удар за 50 проценти, а ја подобрува и циркулацијата на крв во телото. Тој ја лечи мигрената, ги намалува болките и воспаленијата кај артритисот и е одлична превенција од срцеви болести, потврдиле многубројни истражувања.

Позитивни страни на утринскиот секс:

- Утринскиот секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста

- Се подобрува дотокот на крв низ сите делови на телото и ја зајакнува концентрацијата

- Се зајакнува имунитетот со лачењето на антитела кои успешно се борат против инфекции и воспаленија

Негативни страни на утринскиот секс:

- Утринскиот здив не е најдобар пријател

- Предиграта крае кратко заради недостаток на време

- Внимателно треба да го одберете партнерот за утрински секс, затоа што ако не е утринска личност, работата лесно може да тргне во погрешен правец

utrinski-vs-veceren-seks-site-maani-i-prednosti-02

Вечерниот секс, освен што помага во напнатоста, согорува 75 до 150 калории за половина час. По напорниот ден, го релаксира телото, а со самото тоа го намалува ризикот од висок притисок и зголемено ниво на шеќерот во крвта.

Позитивни страни на вечерниот секс:

- Може да се претвори во љубовен, романтичен маратон

- Поголеми се шансите дека таа ќе го достигне врвот

- Го намалува високиот притисок и благите главоболки

Негативни страни на вечерниот секс:

- Најголемата маана на вечерниот секс е истоштениот организам од целодневните активности

- Заради сексот навечер срцето побрзо чука, што значи дека може да се помачите со несоница

- Има големи шанси утрото да се разбудите со болки во мускулите

Би можело да ве интересира:

„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg